Интервју со Ана Синицки, оперска пејачка со битолско потекло: „Ја сакам Битола, таа ме враќа во детството“

Јули 23, 2018

Светски познатата оперска пејачка Ана Синицки која вечерва настапува на „Бит Фест“ има битолски корени и вели дека чест и е да настапува во Битола. Концерти имала ширум светот, но нагласува дека Битола секогаш и недостига бидејќи ја навраќа во детството.

 

-Кажете ни нешто повеќе за Вашето потекло?

Иако сум родена во Белград, моите родители се по потекло од Битола. Имам македонско-руски корени и порди тоа носам руско презиме Синицки. Како дете ги минував сите лета и зими во Битола и носам многу убави спомни од овој прекрасен град со голема историја и топлина во луѓето.

-На „Бит Фест“ настапивте и во 2010 година, а во градот сте ги минувале зимските и летните одмори во Вашето детство. Како ја доживувате Битола?

Битола секогаш ми недостига. Овде се чувствувам како да времето не поминало и се враќам во детството. Тоа ми предизвикува носталгија, која ме врзува за овој крај. Токму поради потеклото и тие емоции, се чувствувам како битолчанка. Градот има многу убава енергија во воздухот. Овој пат доаѓам како уметник и концертот што ќе го одржам за мене е голема чест, повторно да се претставам пред моите драги битолчани.

-Настапувате  врчер во 20,30 часот во Завод и музеј –Битола во придружба на пијанистката Мери Бојиќ. Со каков репертоар ќе се претставите и ќе испеете ли нешто битолско?

Репертоарот ќе биде многу разновиден, од оперски арии преку наполитански, шапнски и англиски до руски песни, а ќе имаме и едно убаво изненадување за битолчани кое оставам да го откријат токму за време на настапот.

Од Пепелашка до Кармен

Ана Синицки, мецосопран, ги завршила основните студии за пеење на Академијата на убави уметности во Белград. Добитник е на стипендија од Универзитетот Јејл (САД) каде магистрирала, а потоа завршила на програмата Артист Диплома. Таа е единствен уметник на овие простори кој ја добил оваа престижна стипендија. Натапувала како Пепелашка во истоимената опера во Teatro Comunale Vittorio Alfieri во Сиена  и Teatro Giuseppe Verdi во Пјаченца, Италија, потоа Кејт  во мјузиклот „Бакни ме Кејт“, Вава во Москва Черимуски, Силвана/Додо во „Веселата вдовица“ и Палмира во Ил Си во Auditorium di Milano, Кармен во истоимената опера, Трета Дама во „Волшебната флејта“ и многу други. Настапувала со престижни оркестри како што се: Orchestra Sinfonica di Milano “Giuseppe Verdi”, “Yale Philharmonia” Orcherstra, Уметничкиот ансамбл на Министерството за одбрана на Србија "Stanislav Binički", “Orchestra del Carmine”, “Младинската Фулхармонија  Naissus” и др.

Заборува чист македонски јазик

Од 2006 година соработува со истакнатаи музички состави и оркестри, настапувајќи во Њу Јорк и Конектикат. После тоа следат настапите во Италија и Русија, Македонија, Србија и на голем број рецитали во различни театри, манифестации и амбасади низ цела Европа.

Зборува англиски, италијански, руски, француски, шпански, германски, српски јаик. Македонскиот јазик и е во срцето, па го зборува, пишува и чита без никаков проблем. .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани