2win800x200

Коњановски најави финансиска поддршка за олимпијките Андреа Нешковска и Тамара Николовска

Септември 20, 2023
Ученичките Горната гимназија од Битола, Андреа Нешковска  и Тамара Николовска кои ќе учествуваат на меѓународни олимпијади добија финансиска поддршка од градоначалникот Тони Коњановски и општина Битола, откако Апла.мк објави дека е потребна  поддршка со цел да се покријат трошоците на ученичките  за учеството на олимпијадите. 
 
 
-Битола, уште еднаш потврдува дека има талентирани и вредни млади луѓе, кои имаат капацитет, достојно да го претставуваат својот град во светски рамки. Нашата средношколка, Андреа Нешковска, од Гимназијата „Јосип Броз Тито“, ќе ја претставува Битола, како дел од македонскиот тим од 6 претставници на 20 Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки во Бангкок, Тајланд.
Со голема благодарност за нејзината посветеност и трудољубивост и посакувам многу среќа и високи резултати, за што како локална самоуправа, ќе овозможиме финансиска поддршка, со цел тимот да може непречено да го реализира своето учество на олимпијадата, која ќе се одржи од 1 до 10 декември оваа година.
Со искрени желби за понатамошен напредок, финансиска поддршка ќе обезбедиме и за средношколката Тамара Николовска од СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ од Битола, која ќе не претставува на Олимпијадата по англиски јазик Хипо 2023 во Рим, Италија, во периодот од 27 до 30 септември.
Учеството на двете ученички на меѓународни олимпијади е навистина големо достигнување, кое верувам ќе го следат и нови, високи резултати.
Успесите на нашите ученици се гордост и влог во иднината на Битола, објави градоначалникот Тони Коњановски.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани