2win800x200

Битолското Обвинителство покрена истрага за Средношколскиот дом во Битола

Февруари 26, 2024

БИТОЛА – Основното јавно обвинителство од Битола отвора предмет за наводен криминал во Средношколскиот дом „Мирка Гинова“ во Битола. Од денеска ќе се „чешла“ работење на оваа државна установа која е под капата на МОН. Како се трошел секој денар државни пари и како се користеле државните ресурси, законски или за приватни цели?

„Независен“ и „Апла“ во изминатите денови објавија неколку текстови поврзани со работењето на раководството во Средношколскиот дом во Битола каде директор во последните шест години е Елена Спасеновска, кадар на СДСМ. „Независен“ги отвори прашањата дали законски се користело службеното возило на Домот при патувањата во Србија и Албанија,  и како на кој начин се ангажирал во патувањата  пензионер – советник во Домот. Патувањата за Албанија и Србија најчесто биле за викенди.

Денеска од ОЈО за „Независен“ потврдуваат дека оформен е предмет за Средношколскиот дом во Битола со насоки до истражителите при СВР Битола да се испита евентуално криминално работење на раководството на Домот.

„За Средношколскиот дом ‘Мирка Гинова’ во Битола споени се неколку анонимни пријави и наводи во новинарски текстови и денеска е издадена наредба за проверка на наводите до СВР Битола. СВР Битола по насоките на Основното јавно обвинителство на Битола ќе преземе дејствија, а во предистрага нема да откриваме детали“, ни потврдија од прес службата на ОЈО.

Директорката Спасеновска и пензионерот, поранешен вработен секретар во Домот, Менде Петровски, наводно, во повеќе наврати патувале во странство со службеното возило, без за тоа да имаат одлука на УО.

Спасеновска и пензионерот често патувале во Албанија и Србија, во текот на 2023 година а пензионерот е речиси во сите патувања како сопатник во службеното возило.

Во 2022 година веднаш по пензионирањето екс-секретарот на Домот Петровски е ангажиран за советник и исплатени му се околу 5.500 евра за период од половна година до декември 2022. Петровски бил советник во делот на правно-воспитните работи во Домот и покрај вработен правник и ангажиран адвокат и покрај шестмина вработени воспитувачи, главни носители на дејноста.

Во декември 2023 година Домот „Мирка Гинова“ прими донација од бугарско здружение без за тоа да има одлука од УО, што самиот претседател Тони Целески го потврдува во изјава за нашиот медиумо. Отстапена е една цела просторија.

По нашите пишувања за работењето на Домот, од таму одговорија дека се работи законски и по пропис. Па дури и ангажманот на пензионерот, како високо стручно лице. (А.Блажевска )

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани