2win800x200

Оштетена транспортна лента во рудникот Брод Гнеотино, надлежните велат дефектот е мал

Ноември 11, 2018

Вчера во руникот Брод Гнеотино багерот СРС 2002  при пренесување ја оштетил транспортната лента ТЗ и носечката конструкција. Од раководството велат дека повредени работници нема, а дека се работи за мал дефект.

„Таков еден мал дефект се случи вчера , се прават анализи во однос на штетата , првичните анализи покажуваат дека штетите не се големи, санацијата на тој дефект ќе трае од пет до седум дена, системот нема да биде во функција овој период, меѓутоа овој период ќе го искористиме за санација на други делови од самиот систем од рудникот Брод Гнеотино. Повеќе детали би оставил да кажат стручните служби и извештајот што ќе го подготвуваат , па ќе пренесеме која е причината, дали е човечки фактор, дали е дотраеност на опремата и неинвестирањето досега во така опрема“, рече директорот на ЕЛЕМ, Драги Миновски.

 

Екс директорот на ЕЛЕМ Христијан Мицкоски рече дека ова ќе значи застој во ископот на јаглен во рудникот за неколку недели, па ќе треба да се копа со помошна механизација со што ќе се зголеми цената на произведен мегават час електрична енергија.

„Застојот би требало да биде неколку недели, а цената на чинење на поправката е неколку стотоци илјади евра. Ќе имаме застој во ископот на јаглен во Брод –Гнеотино. Можеби застојот физички нема да се почувствува, но претпоставувам дека менаџментот на РЕК ќе преземи мерки за да обезбеди дополнителне ископ со помош на помошна механизација. Тоа значи дека ќе има зголемени трошоци, односно цената на произведен мегават час електрична енергија што ќе доаѓа од РЕК ќе биде значително поголема од онаа што би била доколку не се случеше ова“, рече Мицкоски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани