2win800x200

МЛАДИТЕ РАНО ДА СТАПАТ ВО БРАК, АКО НЕ ФОРМИРААТ СЕМЕЈСТВО ДА ОДАТ ВО МАНАСТИР, ПОРАЧА ВЛАДИКАТА ПЕТАР (видео)

Декември 18, 2018

Mojaта порака до младите е или рано да се женат и мажат и да формираат здрави, пред сѐ духовно и физички и интелектуално семејства, а потоа ако некој не е да се жени или да се мажи имаме сто манастири во епархијава да го наполниме барем нив, порача владиката Петар на денешното одбележување на заштитникот на градот Свети Нектариј.

{YouTube}https://youtu.be/YxpofkQ1IB4{/YouTube}

 

„Инаку животот е бесцелен ако луѓето не ја постигнат целта, а таа е спасение на душите, а спасението се постигнува на два начина преку заедницата брачна или преку посветувањето на бога како монаси или монахињи“, рече владиката.

Тој апелираше до младите да го следат примерот на заштитникот на Битола Нектариј кој бил побожен и се замонашил, да се запазат христијанските вредности во услови кога семејствата се распаѓаат, има сѐ повеќе  разводи на браковите, како и немажени, неженети возрасни луѓе.

Владиката уште рече да не кукаме по младите кои заминаа, туку тука да им создадеме услови да останат.

„Не да жалиме и кукаме како ни отидоа младите, тие отидоа и ќе одат, туку да почнеме вистински да направиме услови за нивно враќање во татковината. Треба да направиме и нешто за материјалниот опстој на младите тука да останат и да не одат во светот по желбите туку да се задоволни ако ги имаат основните услови и потреби. Ако живееме според потребите тогаш нема да ја напуштиме земјата, ако живееме според желбите цел свет да ни го дадат ќе ни биде малку“, рече г. Петар.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани