2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Кога сте слободна таксистот да дојде да ве земе и да ве прошета низ градот- и ова се прашуваше на Совет

Декември 27, 2018

Советничката Анита Ангелевска, која е меѓу обвинетите за случајот „Транспортер“ овој пат на седница на Совет не зборуваше за автобусите и ученичкиот превоз, туку за таксистите. Таа во делот за советнички прашања, од говорница со подбив, при тоа изнесувајќи и навреди, ја запраша градоначалничката Наташа Петровска кога е слободна, некој таксист да дојдел да ја земе и да ја прошета низ град да види што треба да се направи.

 „Добив таква обврска од еден таксист кој видно вознемирен, морам да го цитирам, од елементраната непогода што ја најде Битола именувана како Наташа Петровска, ме задолжи да ве прашам кога сте слободна да дојде да ве земе и да ве прошета низ градот да видите што е направено досега во градот и што треба веднаш вие како градоначалник да преземете бидејќи има многу места кои чекаат на идна акција од градоналникот на овој град. Прашањето ми е кога сте слободна да дојде такситот да ве земе?“, праша Ангелевска.

Петровска возврати дека таа не бега од граѓаните и се вози со такси.

-Не бегам од граѓаните, јас се движам по улиците, јас се возам во такси. Не видов тука конкретно прашање, дали сум била слободна, кога сум била слободна за да ме земи некој таксист? Јас завчера дојдов со такси на работа и си го платив од сопствениот џеб, што никогаш претходно не го направил поранешниот градоначалник на кого му дававте поддршка токму вие“, возврати Петровска.

Потоа главна тема станаа коментарите и озборувањата на фејсбук. Некои од советниците ја прашуваа за нејзините фејзбук статуси, а таа рече дека си го задржува правото како граѓанин да има личен фб профил и на него да коментира и работи кои не се поврзани со политиката.

„Што ми значело очи во очи? Дајте луѓе, навистина е дегутантно да дискутираме мои статуси на фб кои можеби се однесувале лично и персонално на одредена личност која требала да се препознае. Не знам зошто некој бил засегнат од тоа зошто сум го кажала на својот профил“, рече Петровска.

Габриела Илиевска од Поинаку ѝ рече дека она што го прави на фејзбук , на твитер, во канцеларија или надвор од неа не смее да бара битолската јавност да не го кометира оти е градоначалник 24/7.

Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека активностите во кои била исмеана локалната власт во изминатите недели (герили на Широк Сокак, а се вртеа и по социјалните мрежи) ги направил Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е легитимно право на делување на опозицијата. На тој настан нити направивме материјлна штета, нити некого лично навредивме“, рече Тошевски.

Петровска возврати дека таа е човек кој решил да се заминава со политика и е свесна за сите притисоци и можности за атак и навреда.

„Но, да ми кажите од оваа говорница дека ништо лошо не сте направиле и дека вашите злоупотреби на социјалните мрежи не стигнале до фејсбук профили и месинџер пораките до моите деца, и без да сте размислувале дали злоупотребувате социјални мрежи, сте оштетиле многу чувства“, рече градоначаничката.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани