АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сигурно сте слушнале за амнезија. По дефиниција е губиток на пoмнењето на одреден временски период, а ретко и трајно. Најчесто се јавува како последица на трауми на мозокот или патолошки промени во некои негови делови. Еден вид на амнезија е и неможноста да се замисли иднината. Тоа се случува затоа што ни недостигаат минати искуства за да предвидеме нешто кое треба да се случи. А, кога го немаме искуството од минатото не сме во можност да ја предвидиме иднината.На пример, луѓето кои се обидуваат да замислат што ќе им се случува на закажаниот деловен состанок се потпомагаат со своите претходни искуства за да ги исконтруираат потенцијалните идни случувања.
Кога имаме претходни искуства најчесто тие ни влијаат да замислиме нешто што ќе се случува во нашата иднина. Во многу ситуации е добро, затоа што ни дава соодветни информации за тоа како да се однесуваме, облечеме, дискутираме, на кои способности да работиме, со кои уверувања настапиме таму итн итн. Така најчесто креираме настан врз основа на нашето минато искуство и сеќавања, настани кои треба да се случат во иднината. Иако тоа е корисно во многу наврати не ограничува ако дадена ситуација која треба да се случи е обоена со негативни емоции во минатото. Тоа најчесто не спречува да се ослободиме и бидеме оптимисти, а истовремено и зрачиме добра енергија. Нашето размислување едноставно оди во насока на генерализирање, па може тоа да ни искреира неуспешно интервју уште 3 дена пред да дојдеме до него. Но, не е крај на светот. Понекогаш постојат методи кои сме ги слушнале или прочитале некаде и дале баш добри резултати за нас. Еден од нив за мене е ,,методот на амнезија,,.
Вештачки створената или ако сакате наречената ,,глумење амнезија,, е метод со кој можеме многу да си помогнеме. Пример, кога сме на некого лути и сакаме да му ,,траснеме,, в лице се што ни тежи може свесно да се натераме да ,,паднеме во амнезија,, и да пристапиме кон таа особа како да не ја познаваме. Тогаш незнаеме зошто сме таму, љубезни сме затоа што не ја познаваме, љубопитни сме затоа што можеби и незнаеме кој сме, се прашуваме која е личноста наспроти нас, зошто така ни зборува, дали нас ни се обраќа и сакаме да разбереме што точно ја поттикнува да постапува на таков начин? Ние при тоа ,,немајќи,, претходно искуство остануваме фокусирани да разбереме, љубопитни и збунети. Со нашата ,,намерна конфузност,, својот фокус го ставаме на оној што е спроти нас сакајќи преку него да научиме за себеси : Кој сме ние? Како сме се однесувале? На кој начин овој човек е одраз на мене? На што треба да сум благодарна во овој момент? Што сака да ми каже? Зошто сум тука? Во каква релација сме? Дали постои нешто што го боли, а јас сум допринела за тоа да е така? Што мисли тој за ситуација за која не ни знам дека се случила?
Кога ,,амнезијата прави да незнам,, тогаш ми се отвора видикот да научам повеќе за себе и за другите. Оној што ќе ја примени оваа метода треба да знае дека таа бара голем психички напор, но да се ставиш во ,,вештачка амнезија,, создавајќи ја свесно понекогаш не само што го менува фокусот, туку и ни помага да добиеме нов увид за себе, за другите и за околностите во кои сме. А, многу често и да решиме некои од нив.
Ако ви е тешка примената тогаш пробајте ја неколку пати како на шега. Ако не за друго можеби ќе биде забавно, а ако го промениме нашето расположение, надворешниот свет сам ќе се промени.
Пишува,
М-р Билјана Галовска - Професонален коуч и НЛП практикант
Инфо:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.