АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Прилеп деновиве се одржа Регионална средба за песна музика и игра меѓу пензионерите од четири општини Битола, Прилеп, Демир Хисар и Крушево. На средбата присуствуваше и претседателката на Сојузот на пензионерите Станка Трајкова. Таа ја прогласи средбата за отворена, посакувајќи им на пензионерите добро здравје и што почето организирање на вакви манифестации на кои пензионерите можат да се дружат и забавуваат.
Битола се претстави со хорот „Сирма војвода“, а останатите исто со квалитетни изведби. Од страна на организаторот, Здружение на пензионери од Прилеп, на учесниците има беа доделени благодарници. Благодарницата за битолските пезнионери ја прими претседателот на Извршниот одбор на Здружението на пензионери, Томе Димитровски.