АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола беше домаќин на највисокото републичко раководство на Сојузот на пензионери на Македонија.
На заеднички одржаната седница претседателот на битолското Здружение на пензионери, Томе Димитровски информираше за повеќето успешни активности организирани во изминатиот период, споменувајќи го обезбедувањето со огревно државо на пензионерите, продолжувајќи ја акцијата за превоз во градскиот сообраќај, пензионерите да се возат за 10 денари, како и за подготовските на екскурзиите низ Македонија, цената на превозот да биде 50 денари.
Димитровски ги спомена и неколкуте хуманитарни акции во Клиничката билница, Старскиот и Геријатрискиот дом „Сју Рајдер“, Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор „Кочо Рацин“, училиштето „Ѓорги Сугарев“ и доделувањето прехрамбени продукти по повод Велигденските празници на 51 социјално загрозено семејство.
На седницата претседателката на Сојузот на пензионери, Станка Трајкова, рече дека во 53 здруженија во земјава треба и натаму да се води грижа за целокупното пензионерско членство кое изнесува 260 000 лица, кои треба да бидат спокојни зашто оваа година пензиите редовно ќе им се плаќаат, а се подготвуваат и иницијативи за усогласување на пензиите со трошоците за живот. Ќе се настојува пензионерите со ниски примиња да бидат ослободени од партиципација за здрасвствени услуги и што помалку средства да плаќаат за лекови и други здравствени услуги. Ќе се заложат пензиионерите преку разни други активности да се чувствуваат како значајни чинители во нашето општество и да се води поголема грижа за болните и социјално загрозените лица, како и создавање на услови во клубови и простории да имаат катчиња за разонода.
Новина е и тоа што битолското Здружение наскоро ќе се збратими со прилепското како едни од најбројните здружение во земјава.