Webp.net gifmaker

До септември сите пензионери ќе го добијат огревното дрво

Јуни 04, 2020

 

Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола под претседателство на Томе Димитровски одржа седница на која се разгледаа актуелните прашања од животот и работата на пензионерите во Битола. На седницата се расправаше за снабдувањето на пензионерите со огревно дрво и беше кажано дека доставата непречено се одвива и до септември сите пензионери ќе ги добијат дрвата согласно договорите. 

Прифатена е иницијатива во септември или октомври годинава во Битола да се одржи ревија на народни песни и игри и спортскли натпревари што ги организира Сојузот на пензионери на Македонија , но секако доколку нема опасност од ширење на коронавирусот. Ревијата ќе биде од регионален карактер бидејќи уште на седум други места во земајава ќе се одржат вакви манифестации.   

На седницата стана збор и за одредени финансиски средства да се доделуваат на пензионери со ниски примања за да може што полесно да ја преживеат ситауцијата со пандемијата на коронавирусот. Извршниот одбор донесе и одлука да учествува во финансирањето на одводот во зградата каде што се наоѓаат нивните простории бидејќи станарите и другите асоцијации кои имаат таму простории не го решиле успешно одводот. Договорено е да се партиципира по метар квадратен, а работите што поскоро да ги изведе Нискоградба. зд2

зд3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани