АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битола како град има специфичен живот, град во кој скоро сите се познаваме, живееме сите блиску, се движиме по истите улици, заедно сме учеле, заедно сме излегувале. Луѓето се познаваат меѓу себе, а контактот, буквално со сите е лесно остварлив. Како прв човек на еден од двата органи на општината, или како што некои кажуваат, прв меѓу еднаквите, често во средби со граѓаните добивам прашања за тоа што и како се гради во градот, кој проект до каде е, која улица кога ќе се гради, кога ќе се поплочи овде или онде, кога ќе се постави канализација и кога вода, кога ќе се асфалтира, кога ќе се почне оној или овој проект.
Прашањата се најчесто добронамерни, затоа што луѓето сакаат да знаат што и кога ќе се заврши, но не е исклучок и кога, понекогаш, дискусиите да имаат и повисок тон, кога и она што се гледа не сака да се прифати, но сето тоа е еден нормален демократски процес, а особено сега во предизборието.
ОДГОВОРОТ
Одговорот кој се обидувам да им го кажам на сите, а ќе се обидам и тука да го објаснам, со бројки и факти, во овој случај ќе биде само за она што во моментот се гради или се прави, без она што се направило или без она што ќе се почни оваа година. Во овој момент, во Битола се градат објекти со вкупна вредност од десетина милиони евра, дел од локалната, дел од државната власт. Без да ги рангирам по нивната финансиска вредност или по некаква моја симпатија, ќе се обидам да ги набројам заедно со парите кои се вложуваат во нив.
Офицерски дом, инвестиција , заедно со партерното уредување вредна околу еден милион евра. Битола ќе добие Дом за култура, вистински и онаков како што доликува. Кино Манаки инвестиција во опрема и ентериер од околу 300.000 евра. Куглана во вредност од 250.000 евра, наскоро и европски натпревари во куглање. Затворен базен во дворот на училиштето Даме Груев со вкупна вредност од 800.00- евра, димензии 25х8м. Во овој момент и ,,невидливата“ гасификација ама догодина и првите објекти приклучени на истата.
УЛИЦИ
Кои се реконструираат. Илинденска 900.00 евра, 2,1 километар. Партизанска 800.000 евра, Бранко Радичевиќ, 13-ти јули, Долно Оризари а се поплочуваат дел од улиците во Стрчин и Девеани. Оваа година и многу други, ама рековме во овој преглед само оние што се сега во тек. Се реконструира покривот во Стопанско училиште, се изведуваат градежни работи и во Техничкото училиште, се менува кровот на Детската градинка Коца Василева.
Фудбалски стадион со вкупна вредност од околу 5,5 милиони евра, наскоро ќе добиеме и рефлектори, а ќе се постави и трафостаницата за целиот објект, се реконструира Ќумурното игралиште, се гради игралиштето на Тепсија. Пречистителна станица на Пелистер, се приклучуваат индивидуалните домови во Трново, Комуналец континуирано ги заменува светилките во градот. Многу населби секојдневно добиваат ново осветлување, побезбедно е и поекономично.
И тој што малку знае математика, и тој што знае повеќе лесно ќе ја пресмета и собери сумата која е спомната во текстот. Десетина милиони евра вредат објектите кои моментално се изведуваат во градот, без направените и без оние што ќе се изведуваат во иднина.
Пишува Валентин Груевски претседател на Советот на Општина Битола
(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)