Webp.net gifmaker

ЕДНОУМИЕ И БЕЗУМИЕ

Август 02, 2020

Пишува: Александар Литовски

 

Сократ го погуби „демократијата“, која за него беше само обично и некомпетентно владеење на толпата. Се зборува дека тој ист Сократ, во моментите пред да биде погубен, поучуваше дека „треба да се филозофира толку долго додека не почнат да бидат сметани војсководачите за гоничи на магариња“. Слично е и денес: треба долго да се зборува додека не се демаскираат политичарите како обични слуги на олигарсите и треба уште подолг и упорен интелектуален и политички ангажман за да се разголи и делегитимира оваа денешна, во основа, човекојадна цивилизација која умира и која,заради остварување профит за малкумина, еколошки целосно ја девастира планетата. Впрочем, на сите просечно разумни човечки суштества, им е совршено јасно дека нашите дни се крунисани со бодликави жици и дека тие единствено добри и полезни се за „една рака“ плезиосауруси, кои се стопани на светот и кои се хранат со идеите и идеалите на либерализмот, фашизмот, крвта и потта на милјардите закрепостени луѓе.

Во медиумите, на глобално ниво, денес е жестоко и безмилосно поплукано и стигматизирано сèшто мисли поинаку од идеалите на либерално-фашистичкатаолигархијаТаапреку грофтањето од својата однегувана интелектуална елита во свињарникот нарекуван „независен медиумски простор“, како и преку затупувачкиот болонски процес на образованиего заглушија и задушија било кое друго размислување и резонирање (а, не искажување), па се чини дека умот „работи во лер“ и не е способен воопшто рационално да резонира. Скоро сите медиуми, телевизиски, пишувани и електронски, се претворени во оружје кое ја убива свеста и совеста со најблесава и најнеморална панаѓурска пропаганда, втемелена врз бескрајното масовно преповторување на лаги, безначајни баналности и перверзии, како и фаворизирање на идеологиите на десниот неолиберален популизам и на христијанскиот конзервативизамОружје кое дури, секојдневно, ја убива историјата за да ги прикрие и избриши сеќавањата на неправдите и ѕверствата, како на пример за целосно уништување на северноамериканските домородни жители што веројатно е најголемиот геноцид во историјата. Или за најголемиот масакр врз цивилно население - жртвите на атомските бомби. Така, додека праведниците се приморани да се притајат во својот срам заради својата правдољубивост и чесност, крвничката и антихумана лудост пирува во алхохолното бунило од прославата на глобалната идеолошка победа, а под триумфалните порти од Лондон до Варшава и од Вашингтон и Токио, веќе со децении, славодобитнички вреска толпа од крупни тајкуни и нивни ситни интелектуални прислужници и глупави лумпенпролетери.

Денес кога постои сеопшт распад на поимите и разголеност на медиумите како пропагандни труби на програмско-практична и идејна мизантропија на либерализмот, само оние кои се луди, не се засегнати од колективното лудило. Впрочем, уште вонсерискиот американски писател Филип К. Дик јасно и исправно прецизирал дека: „Основната алатка за манипулација на реалноста е манипулација со зборовите. Ако можете да го контролирате значењето на зборовите, можете да ги контролирате луѓето кои мора да ги користат.

Комплетно изградената и востановена десничарско-тоталитарна атмосфера може да се види секојдневно, на пример, преку отварањето на медиумски теми и дебати по потреба на стопаните на светот, па како под команда сите известуваат и се загрижени за „истите“ светски проблеми. Во тоа тоталитарно едноумие ширењето на страв и одбивност кон „комунистичките“ Русија и Кина се константи, кои секојдневно се „одржуваат во живот“, а се игнорираат случувањата кои не се во прилог на самонаречениот „демократскиот“ свет, како, на пример, за најголемата војна која денес се води и во која страдаат огромен број на цивили. Имено, скоро ништо медиумски не се слуша за онаа војна во Јемен, каде до „лакти“ се окрвавени рацете на блискоисточните евро-американски сојузници предводени од Саудиска Арабија, како што не се слуша ниту за нивната „демократијата“, оти сè тоа може да ги загрози големите бизниси на оној кловн во Белата куќа и неговите газди од редовите на олигархијата. И токму таму некаде, во „вечниот интерес“ за остварување на доминација и профит, завршуваат сите приказни за принципи и „демократија“ и започнува „едноумието“ и безумието на денешниот свет. За жал. 

 

 

(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани