2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Касапницата

Мај 23, 2021

Пишува: Александар Литовски

 

(Последен поздрав за Гоце Петровски,
борец за национални права на 
Македонците од Егејскиот дел на Македонија)
 
Со столетија веќе, во светот егзистира незаситната лакомост на малкумина, па, сосема „природна“ се чини „филозофијата“ дека среќа може да се изгради само врз туѓи грбови и гробови. Овие крволоци, кој некогаш се нарекуваат робовладетели, некогаш феудалци, а модерно – буржуи, никогаш немалe мерка во локањето крв, а нивните интелектуални слуги, од професорскиот и новинарскиот сталеж, секогаш одново и одново, ги преџвакуваа истите државотворни патриотски фрази и антикомунистички идеолошки квазиаргументи. Сè во светот е подредено да можат малкумина грабежливци да заграбат што е можно повеќе пари, земја и имоти. Цинично тоа го формулирала Елеонор Рузвелт со зборовите „Сиромаштијата е скап луксуз. Не можеме да си ја дозволиме.“ 
 
Но, наспроти буржоаскиот дворски паразитски живот, наспроти декадентната здивеност од прекумерен луксуз, наспроти тоа клупче од храна, секс, дрога и алхохол, наспроти бесрамниот и бессодржаен живот сведен на ситни и злобни интриги, стои сета наша стварност што личи на касапница, во којa животот е безвреден, во која сосема е нормално и природно профитот да се храни со, сè понови и сè покрвави, војни и убиства, па оттука, се чини, човечката крв и нема друга смисла, освен да биде леана за обезбедување на удопствата на нафташите, банкарите, буржуите и малкумината нивни слуги и апологети. Егзистенцијалниот страв и орвеловското перење на мозоците, ги прават мнозинството луѓе низ светот послушни поданици, луѓе кои „ентузијастички“ ‘рмбаат и, истовремено, молчешкум се клањаат на сопствениот експлоататор и крвник. 
 
Во целиот овој безмилосен и бесмислен карневал, најгласни се политичките идеолози без идеологија. Овие интелектуални мистици со своите сјајно маркетнишки спакувани книги, тевелизиски емисии, предавања и презентации, предизвикуваат незаслужено воодушевување од недообразованите слабоумниците продуцирани од болоњскиот процес. Неразбирливото „високонаучно“ бладање на овие поклисари на буржоазијата, често се третира како генијално визионерство, а фактички е само апологија на статус-квото на еден целосно лицемерен и безмилосен општествено-економски систем. Сите патокази на меѓународната геополитичка сцена покажуваат насока на распад на меѓународниот поредок и почеток на нова светска „студена војна“, а најпознатите и најславни интелектуални падавичари, како разбеснeти кучки на синџир, ги бранат алчните и налудничави политики на моменталните господари на светот. Дијаболизираниот кретенизам во почетокот на дваесет и првиот век зеде такви пандемиски размери, што веќе не може да се оддели неолибералната коропаративистичка пропаганда од стварноста, па ретко кој се сомнева во вечната трајност на современиот робовладетелски систем. 
 
И денес, зачуден и без објаснување, стојам пред дилемата како да ги опишам овие современи „миракули на грозомората“, што би рекол Славко Јаневски, како да ги опишам оние чудовишта кои несфатливо ладнокрвно и безгрижно ги чепкаат своите волчки секачи полни со човечко месо од палестинските, јеменските, авганистанските или сириските војувалишта, како денес да објаснам дека постојат гласноговорници на овие двоножни безмилосни предатори, кои сред грмењето на разорните ракети во оваа наша касапница, ја одработуваат својата кучешка задача, целосно рамнодушно, без никаков внатрешен немир, со презирна насмевка кон човечкото страдање, па дури и кон мртвите палестински деца. 
 
Немам дилеми дека последниве триесеттина години, измамата и неправдата слават целосен триумф, а нивните најверни слуги се овенчани со ловоров венец. Знам дека на оваа орда од никаквеци, мафијаши со луксузна облека, разбојници кои „легално“ одземаат сè што ќе им падне во раце, професионални лажговци од политичката и интелектуалната каста кои секојдневно не трујат..., им се чини оти тиранијата на корпоративизмот ќе трае цела вечност и тие ќе уживаат во благодетите од ѕверската експлоатација. Но, секако, имаше, има и ќе има некои „романтични“ мечтатели, некои „луди терористи“ и некои „незадоволни комунисти“, за кои интелектуалните пци велат дека се губитници и еретици, но кои не веруваат во „убавината“ на криминалната и робовладетелска стварност, па се спремни не само да ја промислуваат, да ја деконструираат и жестоко да ја критикуваат денешнава касапница, во која ја мелат дури и вистината за настраданите палестински жени, старци и деца, туку и да се борат за еден поубав и поправеден свет.
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани