2win800x200

Од „стечај“ до нова надеж за училиштата (пишува Валентин Груевски)

Мај 20, 2021

 

Почитувани, кога ќе биде објавен овој текст, во општинскиот совет ќе тече расправата за годишните сметки на средните и основните училишта во Битола, како финансиски ја поминале годината, колку пари потрошиле,  каде ги потрошиле, колку имаат финансиски средства на сметката, што планираат оваа година и како тие планови треба и можат да ги остварат. Секоја страна ќе ги понуди своите аргументи за кои мисли дека се значајни и дека се вистинските, ама по една изрека, вистината е само една.

Факт е дека за прв пат Битолскиот совет, после десетина година, ќе расправа за одблокирани сметки, ќе расправа за нормално функционирање, ќе зборува за училишта кои можат нормално да купат креда, сапун, хартија за фотокопирање, хигиенски средства, редовно да си платат вода, струја, канализација, телефон и сите нормални работи за да може да се функционира, а кои во изминатите десет години, беа научна фантастика за сите училишта.

СТЕЧАЈ

Стечајот ќе беше првата опција за сите овие училишта, доколку функционираа како претпријатија. Илјадници евра долгови, по сите основи. Едно од средните училишта должеше 400.000 евра, другото 300.000 евра, а основните училишта беа со ,,минимални“ долгови од стотина илјади евра. Долгови кои ќе беа товар за секое јавно претпријатие, а за секој кој барем малку ги разбира финансиите, вакви долгови на едно училиште се огромен товар околу вратот

Помошта што ја доби Општината, од централната власт, беше клучна во нивното одблокирање, 2,5 милиони евра, завршија кон доверителите и училиштата се ослободија од стегите кои го гушеа нивното работење. Се платија илјадници евра и кон извршителите, се платија и судските трошоци и дел од каматите, ама тоа беше цената на јавашлукот и недомаќинлукот во претходниот период, а морам да потсетам и дека „популарниот Транспортер“ произлезе од образованието.  

МИНАТОТО

Минатото не треба и не мора да биди водилка никогаш. На него треба да се потсетуваме, ама секогаш да имаме решение на она што се случува сега и во овој момент. Факт е дека во овие три-четири години, во училиштата се вложија многу средства. Во најголем дел општински пари, а нешто помош и од централната власт. Голем дел од училиштата ја променија целокупната дограма, се реконструираа тоалетите, се променија покривите, се набавија многу смарт табли, се промени греењето, се доби  подобро осветлување, се реконструираа спортските сали во училиштата, се решија долгогодишни инфраструктурни проблеми.

Дел од училиштата добија и нови спортски игралишта, заменет беше асфалтот после десетици години, а дел и во наредниот  период ќе добијат нови игралишта. Од област  за која не постоеше надеж за излез од кризата, сега зборуваме за нови инвестиции, за нови градежни зафати, за подобрување на целата инфраструктура, област во која најголемиот дел од денот го поминуваат нашите најблиски. И тука приказната не смее и нема да заврши, бидејќи и во наредниот период следуваат бројни инвестиции во оваа сфера.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани