2win800x200

Членовите на партијата „Граѓанско демократска унија“ од Битола, незадоволни од дејствувањето и ангажманот на градоначалничката, Наташа Петровска, решиле да засадат цветови во дупките на улиците, со цел да и подарат, како што велат, симболичен букет.

Печатена верзија на туристичката мапа на Битола деновиве се дистрибуира низ градот на педесеттина локации,  во НП Пелистер, на граничниот премин Меџитлија и кај дел од такси превозниците.  Туристичката агенција „Глобус клуб“ во соработка со „Инс Медија“ втора година по ред изработија туристичка мапа во 15 000 примероци која е сосема бесплатна.

Два одобрени проекти што ќе се реализираат со средства од ИПА 2 фондовите на Европската унија и еден на листа на чекање. Ова претставува еден добар тренд, ако се има предвиди дека вкупно досега општина Битола, искористила пари за само 5 проекти од ИПА, велат од НВО Инфоцентар, кои ја презентираа анализата „Капацитети на искористеност и програмирање на ИПА фондовите на локалано ниво-студија за општина Битола“.

Семафорот во близина на Гроздот во центарот на Битола, денеска попладнево делеше црвени срциња. На  семафорот автомобилите застануваа на црвено срце, наместо црвен круг . Овој невообичаен знак го забележаа многумина, оценувајќи го како креативен чин и добра намера која шири позитивна енергија. Многумина од минувачите „вљубениот семафор“ ги асоцираше  на 14 февруари  Денот на вљубените, но и на некој добар гест на вљубен битолчанец.

За првпат сите средни училишта во Битола имаа можност да ги претстават своите капацитети на Саемот за средни училишта што се одржа на плоштадот Магнолија. На саемот седумте средни училишта на свои штандови се претставија со наставните програми, кадар, достигнувања на ученици, изработки и одредени услугуги со цел подетално да ги запознаат идните средношколци со својата понуда.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани