2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

„Името не го даваме, стомакот го дадовме“ е новта парола испишана на зградите спроти Офицерскиот дом во Битола, а поврзана со актуалната состојба со преговорите за името со Грција.  Битолчани се прашуваат дали паролата се однесува на дел од граѓаните кои се прикажуваат како големи патриоти и во јавноста најостро се противат на било кое друго решение освен уставното име на Македонија, а редовно одат на гиро во Лерин, на јаре во Лутраки, на шопинг во Солун? 

Уметници го исцртаа и обоија трансформаторот пред Офицерскиот дом во Битола со што се менува сивилото пред овој објект со културно-историско значење.

Со навремена реакција и интервенција на битолската полиција  во Клиничката болница  во Битола   било спречено да избувне нова тепачка  меѓу поголеми групи што се собрале  во болницата, откако таму на лекување завчера беа пренесени лицата повредени во масовната тепачка во хотел во ресенското село Царев Двор.

По повод 41-годишнината од смртта на народниот херој Васко Карангелевски, Општинскиот одбор на Сојузот на борци од Битола и граѓаните продолжувачи, положиja свежо цвеќе пред неговата спомен-биста во родноto село Брусник.

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски денес во Преспа најави дека црквата во Курбиново ќе биде реставрирана и конзервирана до крајот на 2019 година.

Ракометарките од Женскиот ракометен клуб „Пелистер 2012“ на битолската градоначалничка Наташа Петровска ѝ подарија маица со нејзиното име и бројот 18, кој го симболизира датумот на нејзиното раѓање. Претставниците од овој клуб ја посетија Петровска во нејзиниот камбинет за време на денешниот отворен ден со граѓаните што се организира секој петок.

Од Преспанското Езеро водата е повлечена десетина метри од минатото лето. На една од најромантичните плажи Дупени Бич кај Маркова Нога, водата повлекувајќи се создаде мали островчиња. На крајбрежјето треба да поминете дваесетина метри низ  тиња и вода до глужд за да влезете во езерото..

Репортажа за тоа како настана и опстои до денес црквичката и ова излетничко место...

Иако на пресот обвинуваше функционер од СДСМ за вработување на роднина, советникот Горан Степановски од ВМРО- ДПМНЕ, запрашан дали нивната партија расчисти со кадрите кои во изминатите години спроведуваа непотизам, за сега да имаат морално право во јавноста друг да обвинуваат за тоа, ни рече дека прашањето било надвор од конкретната тема.   

„Извините, ама за прашања што се надвор од конкретната тема обратете се во Центарот за комуникации , па ќе ви одговориме официјално“, рече Степановски.  

 

Провокации, барања за прошка, шила, листа со непотистички вработувања, што сѐ не се спомна на долгата седница на Совет денес во Битола, па имаше дури и обраќања од типот „Горномакедонци, Долномакедонци, Северомакедонци“. На дневен ред беа многу сериозни точки како донесување на годишен план за вработување во четирите јавни претпријатија, а дискусијата прерасна во партиски препукувања, со дозна на исмејување и навреди.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани