АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Согледувајќи ги тешките состојби во кои се наоѓаат дел од улиците во периферијата на општина Битола, Општината започна со санирање на дел од нив. Во таа насока, на улицата „Лавчански пат“ извршено е чистење и тампонирање, со што неодамнешната слика на каллива, тешко проодна улица, денес прикажува една комплетно нова состојба.
Ако одевме контра и против решението на Регулаторната комисија за енергетика за утврдување на тарифа за водата, ЈП „Водовод“ ќе беше казнет со 30 000 евра, рече Горан Козаров директорот на ова претпријатие, за време на своето обраќање во Советот во врска со цената на водата.
„Мојот брат беше единствениот кандидат кој се пријави на интервјуто за работното место наставник по математика. Дали требаше да викаме лице невработено од друга општина само за работата да не ја добие мојот брат?“, вака градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, возврати на обвинувањето на ВМРО-ДПМНЕ дека се вработил нејзиниот брат во основното училиште „Елпида Караманди“ во Битола.
Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција обвинија дека по промената на власта и поставувањето на партиски кадри за директори на училиштата, во ОУ„Елпида Караманди“ во Битола како наставник по матаматика се вработил братот на градоначалничката Наташа Петровска.
„Денес ја прашуваме градоначалничката Наташа Петровска, дали е точно дека нејзиниот брат е вработен како наставник по математика во ОУ „Елпида Караманди“, веднаш по поставувањето на партиски кадар за директор на ова основно училиште. Ја прашуваме исто така, дали е точно дека вд директорката на ОУ „Даме Груев“ е сопруга на директорот на ЈКП „Комуналец“, Панде Богоевски и дали директорките на двете гимназии во Битола се исто така во роднинска врска. Зборот транспарентност го слушавме во текот на целата предизборна кампања, па очекуваме и ние и граѓаните на таков начин да добиеме одговор на овие прашања“, изјави Викторија Христовска од ВМРО-ДПМНЕ.
Јавното обвинителство на Република Македонија на својата интернет страница објави дека телата на мајката и синот кои починаа во пожар во Битола ќе бидат дадени на обдукција.
ЈП Комуналец во соработка со Општина Битола и АД ЕЛЕМ Скопје – Подружница Битола, започнуваат со реализација на проектот насловен „За зелена Битола“. Со проектот предвидено е засадување на 3000 стебла садници, со што ќе се збогати зелениот фонд во општината, а истовремено се преземаат и конкретни мерки против загадувањето.
Од Противпожарната единица во Битола се сомневаат дека пожарот што утрово настанал во куќа на улица „Девеани“, а во кој изгореа мајка и 17-годишен син, можно е да бил предизвикан од вклучено грејно тело.Но сепак, точните причини ќе треба да се утврдат.
Битолчани денес имаа можност да испијат кафе со неколкумина мигранти и да позборуваат за нивните патешествија што ги минаа напуштајќи ги матичните земји. Неколкутемина бегалци на средбата дојдоа од прифатните центри во Табановце и Гевгелија, а не од Битола зашто во нашиот град ги нема.
Долно Дупени ги зачува старите камени градби, препознатлив белег на ахритектурата во Преспа.
Некогашната таканаречена Бела фонтана, која беше урната од страна на претходната локална власт, ќе биде дел од новата атрактивна изложба што ќе биде отворена денес во 12 часот во битолскиот Завод и музеј. Изложбата го носи името „Граѓански иновативни скулптури“- 4Д виртуелна урбана уметност и ќе се одржи во Малата сала во Заводот.