2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битолските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска и Зоран Илиоски, со амандман од државниот буџет бараат 600 милиони денари за изградба на Универзална сала во Скопје. Ова на својот фејсбук профил го објави пратеникот на СДСМ од Битола, Васко Ковачевски, кој претседава со Комисијата за финансирање и буџет.

Овој петок во Спомен куќата „Тодор Проески“ се одржува Есенски џез караван со почеток во 16 часот на кој ќе настапат „Белучи Квартет“, „Иван Иванов Квинтет“ и „Кабадајас“.

„Да го зацврстиме постулатот дека студентот не е само број, напротив тој е и ќе биде нашата најважна карика во академскиот процес. Исто како што секој поединец од Универзитетот треба да биде свесен и за постулатот дека сето она што го знаеме вреди под услов дека сме подготвени и отворени да споделуваме и да се менуваме, да ги надоградуваме стекнатите знаења и во личноста на секој професор, соработник и студент секогаш треба да опстојува желбата за усвојување нови знаења зашто историски е докажано дека човекот никогаш не би го постигнал можното ако секогаш не тежнее кон она што навидувам не го знае“. 

По повод патрониот празник, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ денес  потпиша Меморандум за соработка со Општина Битола. Документот го потпишаа ректорот Сашо Коруновски и градоначалничката Наташа Петровска.

„Соработката ќе ја преточиме во еден формален документ за соработка за понатамошно интензивирање и продлабочување на нашата соработка меѓу двете институции многу релевантни за општината, но и за регионот каде што делуваат. Меморандумот ќе предвидува повеќе области на соработка конкретно дефинирани. Тоа ќе биде општата рамка во која ќе ставаме содржини од заеднички интерес на крајот за благодет на граѓаните на Општина Битола и поширокиот регион“, рече ректорот.

Градоначалничката Петровска изјави дека од овој договор благодет ќе имаат сите граѓани, а најмногу студените.

-Се гордеам што сум градоначалник на град во кој се наоѓа Универизтетот „Св. Климент Охридски“. Потпишавме меморандум на соработка со кој отвораме перспективи и за Општината и за сите нејзини граѓани, особено за младата популација, жителите, битолчани и други студенти кои стидираат тука зашто знаеме дека на овој Универзитет во својот опфат има многу граѓани ширум  нашата држава. Овој договор да ни овозможи во иднина младите луѓе да добијат реални можности да се внесат во општеството уште во рамките на своето студирање, во институциите и практично да согледаат како тие функционираат“, рече Петровска.

По повод потпишаната соработка и патрониот празник, Универзитетот на градоначалничката и подари статуетка од Свети Климент Охридски.

Со потпишувањето на договорот започнаа активностите за одбележување на патрониот праник на Универизтетот во Битола.   20171206 101850

Министерството за земјоделство започна ревизија на доделувањето на државно земјиште за време на претходната власт.

Јени џамија, заштитен споменик од прва категорија, го покажа реставрираниот надворешен лик. Со реставрацијата на објектот му се врати надворешниот изглед што го имал при градбата  пред повеќе векови.

Секторот за Внатрешни работи- Битола вчера до Основното јавно обвинителство  поднесе кривична пријава против Р.А.(45) и Б.Г.(33) и двајцата од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 став 1 од КЗ на Република Македонија.

Здружението за хуманитарни дејности „Лајонс Клуб Кабадаја“ од Битола денеска организираше традиционално Дефиле низ Широк Сокак по повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет. Учениците од основните и средните училишта од Битола се собараа на плоштад Магнолија, а во исто време пред Офицерскиот дом се собраа децата од Заводот за рехабилитација на говор, слух и глас „Кочо Рацин” Битола.

Дотраени и оштетени врати, без кваки и брави, дупки среде училници и по ѕидовите, тоалети од кои се шири влага по околните простории, искршени компјутери, откачени грејни тела... Ова е само дел од лошите услови во кои се одвива наставата во средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ со кое во изминатите години директоруваше Јасмина Ниќиќ Десановска, една од обвинетите во случајот „Транспортер“.

"Четворица кои не знаат ни дали се членови на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Јасна Дурлова, носител на независна листа за советници на локалните избори, бараат оставки заради лоши резултати? На Тери Џонс, Ерик Ајдл и Џон Клиз од 'Монти Пајтон' им се допаѓа ова", запиша Димитровски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани