АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вечерва во Свечената сала на Офицерски дом - КИЦ Битола, со почеток во 19.00 чсаот Државното музичко училиште од Битола ќе одржи Свечен концерт во сеќавање на професорот Пеце Митревски, насловен како „Стар, ама на англиски“. Ќе нстапат и уметниците Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Оливер Јосифовски, Сузана Турунџиева, Петар Христов и Камерниот оркестар од Битола.
„Пеце Митревски (12.04.1952 Битола - 07.04.2008, Битола) средно музичко училиште заврши во родниот град, а понатамошното школување го продолжи на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде дипломира на два отсеци, соло пеење во класата на проф. Благоја Николовски и наставно теоретски отсек. По завршувањето на факултетот работи во Македонската опера се до 1987 година. После тоа започнува неговата педагошка кариера во Музичкото училиште во Битола, каде за прв пат е отворен отсек – соло пеење. Освен предметот соло пеење, предаваше солфеж и вокална техника, но имаше огромни познавања и од контрапункт и хармонија. Од 1992 година континуирано беше диригент на црковни хорови во Битола.
Во холот на НУУБ "Св. Климент Охридски" - Битола, на ден 24.04.2023 година (понеделник) во 11.30 часот ќе биде поставена изложба на 100 книги, стари 100 години од фондот на Библиотеката "АЛБИ" - с. Бабино, Демир Хисар по повод Светскиот ден на книгата и авторските права.
Ве покануваме заедно да го одбележиме Светскиот ден на книгата и авторското право.
Книгата е огледало на збиднувањата низ вековите и човековите стремежи кои се реализираат и живеат во пишуваниот збор - книгите кои се печат на едно време... Изложбата ќе биде поставена од 24 до 28 април 2023 година.
НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола
Во организација на НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола, ООУ „Коле Канински“ - Битола и Ротари клубот „Широк Сокак“ - Битола на ден 19.04.2023 година се одржа работилница на тема „Одбери ја својата професија“. Учениците од 9 одделение имаа можност да слушнат различни професии од нашите говорници: - Билјана Петровиќ - биотехнолог, - Ѓорѓи Мијалчев - информатичар, - Лидија Павловска - одделенски наставник, - Маргарита Камбовска - доктор, педијатар, - Марта Соклевска - администратор за човечки ресурси, - Маја Стојановска - Сметководител - Светлана Глигоровска - педагог, - Билјана Врчал Ванчевска - стоматолог. Говорниците предложија и некои чекори што можат учениците да ги преземат, со цел да им помогнат да го одредат нивното идно занимање:
- Идентификувајте ги вашите интереси и страсти. Размислете што уживате да правите и кои теми или области ви се интересни, - Размислете за вашите вештини и силни страни. Размислете за работите во кои сте добри и областите каде што се истакнувате, - Истражувајте ги потенцијалните кариери. Погледнете во различни работни места и кариери кои се усогласени со вашите интереси и вештини, - Побарајте совет од училишниот педагог и психолог, професионалци, кариерните центри. Разговарајте со луѓе кои работат во областите за кои сте заинтересирани за да добиете увид во нивната секојдневна работа и потребните квалификации, - Добијте искуство преку волонтерство. Ова ќе ви помогне подобро да ги разберете различните кариери и да видите дали тие се погодни за вас.
Активноста е во рамки на потпишаниот меморанду за соработка меѓу Библиотеката и училиштето. Модератор на настанот беше м-р Фатма Бајрам Аземовска, раководител од областа на Развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста
На 50 годишна возраст почина Зоран Димовски од битолско Логоварди познат по неговото активно учество во протестите на Шарената револуција и дел од герила акциите во Битола. Тој беше дел од основачите на групата „Јужен фонт“ и член на ФБ групата „Легија на честа“. Погребот е закажан за утре, 22 април 2023 година на гробиштата во Логоварди.
Зоран беше дел и од герилата – пуштање во употреба на стадионот „Двојче“ на Магнолија на 20 мај 2016 година. Двајца битолчани со маски на лицето од експремиерот Никола Груевски и градоначалникот Талески, со мерцедес пристигнаа на плоштадот “Магнолија”, за свечено да го отворат стадионот „Двојче”. Зоран тогаш беше дел од обезбедувањето на „политичарите“ и му ја отвори вратата за да излезат од лимузината. Герила акцијата беше спроведена за да се изкритикува нереализираниот проект на Талески за реконструкција на стадионот „Под Тумбе кафе“.
Тој беше дел и од герила акцијата при пуштањето на игралиштето во Логоварди на 30 септември 2016 година. Екс градоначалникот Талески не се појави на најавената прес-конференција на спортското игралиште во село Логоварди каде го чекаше герила акција. Општинските служби најавија дека пресот за пуштање во употреба новото игралиште ќе го држи градоначалникот, но, по половина час чекање од страна на новинарите, изјавите ги дадоа вработени од општината.
Додека траше пресот, група локални жители кои и претходно беа вклучени во други герила акции, до игралиштето оптегнаа транспарент со натпис „јужен фронт” и рекоа „му порачуваме на Талески да се навикне на тесен простор”.
На сатиричен начин координаторот на советничката група на СДСМ Методија Илиевски денес им додели пофалници на сите директори на јавните претпријатија од Битола за како што речЕ, со иронија да ги пофали за постигнатиот успех што дел од нив имаат завршни сметки со загуби. Ова се случуваше за време на денешната седница на Совет на која на дневн ред беа извештаите за финансиското работење на деветте општински јавни претпијатија. Тој даде пофалници и за градоначалникот Тони Коњановски и претседателката на Совет Габриела Илиевска за изборот на менаџерскиот тим што ги води претпријатијата.
„Ако успеавте од позитива или од позитивна нула како што ги презедовте јавните претпијатија за една година да ги доведете до загуба, што ќе се случи со нив доколку продолжите со истоито темпо по една или две години? Ќе треба да ги затворите и да прогласиме стечај! Моменталната состојба на јавните претпријатија е полоша и од времето на Двојче. Ние нема да продолжиме да учествуваме во ваква лакрдија и пазарење, имаме дневен ред со повеќе од 80 точки, се исцрпуваме со 10 часовни седници, а напредок нема“, рече Илиевски, по што советниците од опозиционата СДСМ ја напуштија седницата и не гласаа за завршните сметки на претпријатијата.
Според извештаите образложени пред Советот, дури четири од девет јавни претпријатија имаат завршна сметка за 2022 година со вкупна загуба од над 44 милиони денари. Повеќето од директорите рекоа дека загубите се должат на високите цени на струјата и горивото. Другите претпријатија работат со добивки или изедначени приходи и расходи. Без загуби се Нискоградба, Жабени, Зоолошката градина, КИЦ, ЈП за урбанистичко планирање и Пелалинк, кое нема ни трошоци зашто нема вработени.
По заминувањето на опозицијата, беше прекината седницата.
Германскиот параглајдерист и кајтсурфер Ралф Гросел од Германија, познат по производство на спортска опрема ја отвори фабриката „Брејнчајлд продукција“ за еколошко производство на опрема за водени спортови во Битола. Тој раскажува дека во Македонија дошол да лета со параглајдер на покана на нашиот светски познат параглајдерист Мартин Јовановски на фестивал во Крушево и многу му се допаднале условите и пределите што ги нуди државата за овој вид на спорт.
„Веќе осум години летам со параглајдер во Македонија. Сум бил во Крушево, Галичица и на други места. Мислам дека државата има одлучни услови за развој на овој спорт. Често доаѓам, а сега со фабриката и онака ќе останам тука“, рече Гросел.
Тој додаде дека на проекти за изработка на опрема за спортови на вода работел во Украина и Кина, но сега сакаат производството за опрема на спортови на ветер и вода да го вратат во срцето на Европа.
„Македоинија е токму во срцето на Европа и видовме голем потенцијал во оваа мала земја. Во рамки на нашата новосоздадена лабораторија со седиште во Битола сме во можност да поставиме нови стандарди во оваа индустрија кои ќе ги примениме во новата фабрика во Жабени со капацитет за 400 нови работни места“, рече Гросел.
Фабриката која првично е сместена во старата индустриска зона во Битола, денес ја посети вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кој рече дека е наменета за модерно и еколошко производство на спортска опрема за водени спортови. Инвестицијата на оваа компанија во производство и истражување и равој ќе изнесува 13,5 милиони евра.
„Ќе отвори приближно 275 нови работни места во следните 5 години, а со проектирана цел за 10 години да се реализираат 530 вработувања и 35 нови работни места во истражување и развој“, рече Битиќи.
Тој додаде дека компанијата ќе добие стандардна државна помош и тоа 50 проценти од инвестицијата во истражување и субвенционирање за градењето и креирањето нови работни места. Битиќи рече дека државата поддржува над 600 компании во земјава од кои 98 проценти домашни и 2 проценти странски.