2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Мандатни казни од по 50 евра во последните два месеца Комуналната испекција му изрекла на 95 возачи кои своите автомобили ги паркирале несоодветно, а најголемиот дел од нив по тротоарите и тревните површини на Офицерски дом.

Битолската млекарница „Бимилк“ и оваа среда подготви ново изненадување за своите потрошувачи. Вработени од Млекарницата со возило на „Бимилк“ до работните места и домовите на дел од своите потрошувачи во Битола им доставија пакетчиња со здрав појадок.

Ова беше одлична можност за нов супер-здрав појадок и за активен почеток на новиот работен ден. Појадокот се состоеше од коктел од сокови полн витамини, мафина и овошен мус со одличен вкус. Акцијата е насловена „Бимилк- појадок во среда“, а во рекламниот материјал со порака стои: „Одлична можност за нови почетоци, нови информации, откривање на нови вкусови“.

Порака за обединување на македонскиот народ упати Иван Џо Петрески, претседателот на Матицата на иселениците на Семакедонската средба во Трново. Но, потоа Тодор Петров, од Светскиот македонски конгрес порача дека денешните пратеници во иднина ќе се нашле во Идризово и ќе им се конфискувал имотот заради велепредавство со името. Иако Илинден е празник на сите Македонци, пораките за заедништво беа засенети од оние против власта и референдумот.

Архимандритот Никодим Царкњаз рече дека Македонија од античко време, па до денес е иста држава, нагласувајќи дека и Филип се родил тука во Битола.

Неколку стотици гости во Големата сала на Центарот за култура во Битола синоќа заедно со познатата македонска пејачка од Битола, Виолета Томовска, ја испеја песната„Битола мој роден крај“. Ова беше еден од највпечатливите моменти на концертот што Томовска придружувана од групата „Фонтана“ го одржа во Битола на завршницата од фестивалот „Илинденски денови“.

Македонија денес слави 115 години од Илинденското востание и 74 години од АСНОМ.

Трите главни чествувања на националниот празник Илинден, на Втори Август, и оваа година ќе бидат на Мечкин Камен, Во Пелинце и во Скопје.

Во Крушево годинава поздравниот говор ќе го одржи претседателот Ѓорѓе Иванов, во меморијалниот центар Пелинце ќе оди делегација предводена од премиерот Зоран Заев, а чествувањето во Скопје ќе го предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери.

По повод празникот Илинден, во 9,30 часот пред споменикот на Илинденците во храмот „Св. Недела“ во Битола делегација од Општина Битола ќе положи цвеќе. Во 10 часот полагање цвеќе ќе има на споменикот пред Центарот за култура, а во 10.30 на споменикот во с. Цапари..

Од 13 август магнетната резонанца во Клиничката болница во Битола ќе работи 24 часа секој работен ден, поточно до полноќ со пацинети закажани преку „Мој термин“, а потоа со лица со приоритетни и болнички упати. За време на викендите магнетната резонанца ќе работи од 8 до 18 часот, а доколку има интерес и до 24 часот, соопштија од Битолската болница. Од таму велат дека оваа пилот програма за работа на магнетната резонанца ја најави министерот за здравство Венко Филипче при посетата на Клничката болница пред пет дена. Тој рече дека ваквите мерки се преземаат во интерес на пацинетите, со цел да се намалат листите на чекање.

Македонија не била од воинот Аце, туку постара дури од времето на Ное чија арка се насукала не на Арарат туку на Шарарат, поточно на Шар Планина. Вака започнува дејствието во новата претстава „Но(е)ва Македонија“ на Народниот театар од Битола чија премиера беше поставена вчера на театарската сцена во Битола. Претставата ја исмева демагогијата што ја шират политичари злоупотребувајќи ја историјата и групното лудило што го опфајќа народот барајќи докази дека е библиски.

Заменик градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски, кој по потекло е битолчанец, но роден е и живее во Париз, оствари средба со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Најдовски во Париз е задолжен за областите мобилност и превоз. Токму организацијата на превозот и сообраќајот во градот беше тема на разговор на средбата помеѓу него и Петровска. Исто така, беа разгледани и можностите за идна соработка во повеќе области и размена на позитивните искуства од двете страни.

По името на ракометната легенда Боро Чурлевски, кој прерано почина, е преименувана Спортската сала ,,Младост" во Битола. Владеачкото мнозинство во Советот преку Комисијата за спорт како точка на дневен ред ја предложи иницијативата Спортската сала да добие ново име според битолски ракометар познат во бившите југословенски простори и Европа.  Иницијативата предложена од Методија Илиевски, координатор на советничката група од СДСМ, едногласно беше изгласана од власта и опозицијата. 

Битолската актерка Соња Михајлова ја доби наградата за најдобра женска улога на 17-то издание на Фестивалот на античка драма „Стоби“. Жирито составено од Николај Круглов режисер од Русија, Мето Јовановски актер и Ана Стојановска театролог, ја наградија Михајлова за улогата на Јулије Цезар, од истоимената претстава во изведба на Битолскиот драмски театар. Неа при врачувањето на наградата публиката ја поздрави со  римскиот поздрав ,,Аве“.   

„Радоста споделена е поголема, затоа  со Вас сакам да ја споделам радоста од добиената награда. Не само заради ликот на Јулије Цезар, кој е историски, антички, вонвременски, туку и заради овој прекрасен Фестивал кој ја негува античката драма и театар и поради овој амбиент“, рече Михајлова. 

Годинава Фестивалот на античка драма ,,Стоби,, се одржа по 17 пати и по три годишна пауза повторно во локалитетот на античкиот театар  Стоби.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани