АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Гранка натежната од снег падна врз две возила паркирани на улицата „Димитар Илиевски Мурато“ спроти зградите во Обител.
Претседателот на Република Албанија Илир Мета два дена бил во посета на Битола по повод 110 годишнината од албанската азбука, а националните и локалните медиуми не беа известени за тоа. На својата фејсбук страница претседателот објави фотографии од неговата посета на Музејот на албанската азбука во Битола, како и на селото Меџитлија.
Патот од Ресен за Битола не е исчистен од снегот, покажуваат слики што патници ги постануваат на социјалните мрежи.
Снежните наноси на коловозот се нагмечени од возилата што минуваат на оваа релација.
Од Австомото Сојузот на Македонија јавуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и по влажни коловози поради врнежи од дожд и снег. На планинските премини Стража, Ѓавато, Буково и Пресека има остатоци од снег на коловозот, но нема забрана за движење на возилата. Препорачуваат намалена брзина на движење и исклучително внимателно управување со возилата.
Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.
Падна првиот снег во Битола. Тенка снежна покривка има по покривите на објектите и по тревните површини, а на коловозите снегот не се задржува. Утринската температура падна до еден степен под нулата, а максималната ќе биде 4 степени над нулата.
Препораките на ВМРО-ДПМНЕ за заштита од аерозагадувањето на прес конференција ги соопшти битолчанката Виолета Ковачевиќ која изминатите години додека ја обавуваше функцијата советник во битолскиот Совет за време на претходната власт, новинарите не паметат дека од говорница се жалеше на загадениот воздух. Екс советничката Ковачевиќ не остана запаметена по некоја дискусија во Советот како бара мерки за почист воздух.
И тогаш аерозагадувањето беше една од најгорливите теми за дискусија во Советот, а тогашната власт на чело со Владимир Талески изјавуваше дека мода било да се протестира за чист воздух. При жестоките дискусии за аерозагадувањето и последиците од него, од владечакото мнозинство доблест да зборуваат за темата најчесто имаа докторките Олга Лозановска и Соња Трпезановска. Другите советници од тогашната власт не останаа запаметени по некоја борба или предлози за почиста животна средина, освен што изјавуваа дека воздухот мириса на политика.
Сега кога ВМРО-ДПМНЕ е опозиција, Ковачевиќ на прес конференција обвини дека Владата на СДСМ продолжува со својата неодговорна политика во однос со најгорливото прашање – загадениот воздух. Таа рече дека во услови на температури од 20 степени во тек на месеците октомври и ноември, највисоки во последните 20 години, има и рекордна загаденост на целата територија на Република Македонија со ПМ честички. Згора на тоа, секој ден има исклучување на мерните станици од државниот мониторинг систем, со оправдување дека се на сервисирање.
Во претходниот општински Совет, Ковачевиќ најчесто дискутираше на темите поврзани со образованието. Кога опозиционата СДСМ критикуваше дека училиштата тонат во долгови, што остана како последдица до денес, таа рече дека самиот факт што образованиот процес се реализира целосно и континуирано без застој и поголеми проблеми е доказ дека директорите и нивните управни и работни колегиуми одговорно, солидно и доста успешно си ги извршуваат задачите и обврските кои им се наметнуваат. Неоспорен е фактот дека дел од училиштата имаат финансиски проблем со блокирани сметски, но тој факт е земен во предвид при секоја евалуација, рече советничката.
По промената на власта, образованието имаше долг од 4,5 милиони евра.
Секој има право на критика и борба за чист воздух, само што неговото загадување и прочистување не зависи од тоа која партија е на власт, а која во опозиција.
Започна унифицирањето на оградениот простор пред кафулињата на Широк Сокак. Одлуката што ја донесе Советот на Општина Битола за унифицирана ограда пред кафулињата е во сила, а надлежните се надеваат дека сопствениците на локалите ќе ја почитуваат.
Деновиве две кафулиња на Широк Сокак поставија огради кои наликуваат на пропишаните услови од одлуката, односно се малинесто зелени со рамки со валкано бела боја.
Ова видео е прозвод на големата љубов и поддршка кон учениците од ОУ „Климент Охридски“ од Битола кои се борат со Дијабтесот тип 1. Во нивната борба, се вклучени нивните соученици од II-4 одделение заедно со наставничка -Весна Аврамовска Димитровска.
Во депонија се претворени некогашните простории на Дирекциите на Министерството за финансии и на Управата за имотно-правни работи во Битола. Просториите кои се во распаѓање се наоѓаат во центарот на градот кај Дрвен Пазар. Освен лошата слика, од внатре се шири и лоша миризба. Украдена е целата дограма, уништени се покривите и подот, а ѓубриште е расфрлено на сите страни. Службите одамна се иселија, а местото прерасна во збиралиште на бездомници, зависници на дрога и нужник на случајни минувачи. Ваква е состојбата подолго време, па дури и некогашното службено возило е обраснато со коров.
Аждерот замина, а аждеримзот преживеа, вака режисерот Владимир Милчин преку една реченица ја претстави темата на новата премиера „Аждер“ што на 20 ноември ќе се игра на сцената на Народниот театар во Битола.