2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Веќе не мора да патувате, да се ограничувате со термини и класично да го изучувате германскиот јазик. Преку училиштето за германски јазик „Делфин“ од Битола , кое опстојува 13 година, можете да го совладате јазикот он- лајн, односно по електронски пат. Ова е прво училиште во земјава кое нуди ваков метод на изучување преку платформата за електронско учење МУДЛ, која пак е многу проширена во европските земји за изучување на било кој наставен предмет. Овозможува курсистите да го изучуваат јазикот и од дома, што предизвика голем интерес не само кај битолчани и другите граѓани во Македонија, туку и кај нашите иселеници во Австрија, Германија и Швајцарија да станат курсисти во „Делфин“.

Ве известуваме дека на ден 11.11. 2018 година (недела) од 10-16 часот поради реконструкција на водоводна мрежа,  работи на  регионален цевковод,   ќе има прекин на  водоснабдувањето во селата:

Кравари, Оптичари,  Егри, Кременица, Гермијан, Лажац, Меџитлија и Жабени („Кронберг и Шуберт“)

ЈКП „Водовод“- Битола

Александар Гоцев од Богданци е најновиот милионер. Дваесет и петгодишниот студент во Германија, стана сопственик на најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка на Државна видеолотарија на РМ. Неговата добивка е вредна 1.462.511,00 денари. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката е освоена на 09.11.2018 во Спорт Лаиф Трејд во Богданци.

Интересен цртеж кој наликува и на карикатура и на духовит начин го исмева менито на војниците кои Божиќ 1916 година го поминале во рововите низ битолско , беше дел од изложбата „100 години од крајот на Македонскиот фронт“ поставена на 4 Номеври во битолскиот Завод и музеј. Во изложбата изработена од наставници од Скопје и Битола, членови на АНИМ - Асоцијацијата на наставници на Република Македонија, покрај фотографиите и податоците кои говорат за теророт, беше објавен и овој несекојдневен цртеж.

За над 40 проценти зголемен е бројот на ноќевања на странски туристи во Битола за месец август 2018 година во споредба со истиот месец лани, покажаа податоците на Заводот за статистика.

Во осми месец оваа година во Битола регистрирани се 11 396 ноеќвања, а истиот период лани 6822, во 2016 година пак, 4797.

Булук кози слободно пуштени да пасат без придружба на козар и тоа пред зградата Јури во поранешнара Касарна, фотографираше денес читател на нашиот портал Апла.мк и ни ги испрати фотографиите до редакцијата. Козите пасат во Касарната, населба која е во изградба и се најавуваше како елитна. Читателот вели дека го изеле посаденото зеленило и покрај повеќето жалби упатени од жителите до надлежните служби да се спречи испаша на добиток во урбаниот дел од касарната. 

45539048 520667938405491 2397608399991734272 n

45658213 256836881687635 2410285240779014144 n

45723591 2178162695835233 5309162048435781632 n

 

 

Врз основа на Основниот договор за изработка на колектор за фекални отпадни води за Бегова чешма ( од Шумски фенери до Шаторот) кој го има склучено КЈП „Нискоградба“ Битола со Општина Битола, а врз основа на сообраќајниот проект за времен режим на сообраќај, известуваме дека сообраќајот на потегот од ресторанот Шумски фенери до ресторанот Шаторот ќе се одвива отежнато со кратки прекини од 20 минути и тоа во периодот од 07.11.2018 до 16.11.2018 година. 

ЈКП „Нискоградба“ Битола                                   

Во последните години се повеќе млади се одважуваат да започнат свој бинзис, но сепак не е лесно зашто Македонија е земја сѐ уште во транзиција, излегуваме од еден минат систем каде имате пред сѐ родители дома кои викаат дај да ве вработиме некаде плата да се земате и осигурување. Ова го кажа Димитар Ристосвки, извршен директор на Европска бизнис асоцијација на денешната јавна дискусија по повод Европската недела на претприемништвото. Јавната дискусија беше во организација на МКЦ Битола, а на тема „Претприемничкиот дух кај младите, можност за развој на нови бизниси“.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани