АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Имаме многу јасен план за производство на електрична енергија во државата, во РЕК Битола, Осломеј, ТЕЦ Неготино веќе работи на еден котел, три недели сите експерти во државата работат на пуштање на вториот котел за производство на електрична енергија, обезбедени се до сега количини коишто се потребни за јаглен и за мазут, за производство и во РЕК Битола и за мазут во ТЕЦ Неготино и за Осломеј. До сега немаше, во план не е да има рестрикции и се надевам дека условите со снабдување со електрична енергија во Европа ќе овозможат да немаме рестрикции во текот на целиот четврти квартал оваа година и првиот квартал идната година. Се работи на ремонт на вториот блок на РЕК Битола и дека на 15 октомври ќе пристигне трансформаторот од Турција кој што лани изгоре, за да се стави во функција и третиот блок", изјави премиерот Димитар Ковачевски за ТВ 21.
Вечерашниот концерт во концертната сала на Офицерски дом, во рамките на програма на "Интерфест" имаше посебен звук. Може да се каже дека тоа е звукот на битолската школа на класична музика која со децении ги раѓа и расте најдобрите музичари во Македонија и подалеку. Токму оваа тројка вечерва, Игор Милевски - виолина, Владимир Димовски - виола и Татјана Божиновска - пијано со огромна страст и леснотија на присутните им овозможија ретко музичко искуство кое веруваме долго ќе го паметат.
Од ЈП за паркинзи соопштија дека во тек е бележење на хоризонтална сигнализација (надолжни) линии на територијата на општина Битола. Бележењето на надолжните линиии се врши во попладневните и вечерните часови заради помала фреквенција на возила. Ги замолуваат граѓаните на трпеливост заради непречено извршување на наведените активности со кои се зголемува безбедноста во сообраќајот.
Денеска (04.10.2022) полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола - Отсек за превенција, Полициска станица Битола, инспектори од криминалистичката полиција заедно со портпаролот на СВР Битола во Градскиот пазар во Битола спроведоа превентивна активност за заштита од џебни кражби, под мотото „Заедно до поголема сигурност“. На граѓаните, посебно на повозрасните, покрај практични совети за подобра заштита од џебни кражби им беа поделени и летоци со едукативна содржина.
Дури 1,45 промили на алкохол во крвта регистрирала полицијата кај професионален возач додека управувал товарно возило во Ресен. Тој бил затекнат пијан зад воланот уште од раните утрински часови.
За време на акциската контрола што полицијата ја споведе на територијата на СВР Битола, која опфајќа шест општини, за четири часа од 7 до 11 часот претпладне, беа исконтолирани 107 возила за да се утврди колку ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила. Прекршувања биле констатирани кај повеќе од една третина од возачите.
Од СВР Битола соопштија дека осум возила се исклучени од сообраќај, 14 товарни моторни возила се упатени во станица за технички преглед, изречена е една мерка за возење под дејство на алкохол, санкционирани се двајца возачи за претовар на возилото и исто така санкционирани и 11 поради други прекршоци.