АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Полициската станица во Битола регистрирала 239 прекршоци лани, од кои над 86 проценти се случиле во градот, а преостанатите по селата. Од прекршоците во Битола 146 биле на улица или полоштад, 20 во угостителски објект, а останатите на други места.
Извештајот што СВР го достави до битолскиот Совет покажува дека поднесени биле 237 барања за поведување на прекршочна постапка.
Најзастапени прекршоци според видот, биле физичките напади, ги имало на број 109 или безмалку половина, па учество во тепачка, уживање дроги, оддавање на пијанство на јавни места, фрлање и кршење на разни предмети.
Во срцето на градот на конзулите, од чкртаници одвај може да се прочита единствената информативна табла за улицата на конзулите во Битола. Таблата содржи историски факти за конзулското минато на Битола, поткрепени со фотографии од тоа време. За жал, несовесни лица со спреј го исчкртале стаклото од таблата. На неа со напор може да се прочита дека долж оваа улица се распространети зданијата каде што биле сместени францускиот, грчкиот, српскиот, англискиот конзулат.
Општина Битола ќе го покрие надоместокот за градинка на деца на самохрани родители од Битола чија плата не е повисока од минималната. Вакво барање достави Детската градинка „Естреа Овадија Мара“ до Советот на Општина Битола да донесе одлука за покривање на трошоците за згрижување на децата од самохрани родители кои го остваруваат правото на ослободување од партиципација во Јавните установи за деца на подрачјето на општина Битола.
Општина Битола деновиве ја отплати втората рата во износ од 7.866.783 денари, од кредитот кој што беше земен од Светска банка од претходната локална власт.
„Со оваа исплата за само шест месеци,заедно со првата рата во вредност од 7.840.623 денари, општината покрај тековните обврски, успеа да исплати вкупно 15.707.406 денари, или над 253.300 евра“, соопштија од Општина Битола.
На свои 84 години доживеав нареда и разочарување зашто по се што имам направено за развој на младите ликовни таленти, од Министерството за култура годинава ми одобрија 100 000 денари за Малиот битолски Монмартр, а ни денар за Светската изложба, реагира Коста Хаџи Антоновски, творецот на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола.
Ски центраот „Ниже поле“ оваа недела ќе учествува во кампањата „Заедно до нула насилство“. Целта е енергијата на младите да се насочи кон убави и здрави работи, како што е спортувањето, скијањето, дружењето, а не кон насилство. Иницијативата е на неколкумина битолчани, а кон неа се приклучува и Ски центарот.
По бурните реакции што се појавија во јавноста по донесената програмата на Министерството за култура за финансирање на институциите и манифестациите од национален интерес, се огласи и премиерот Зоран Заев, кој изјави дека дел од донесените одлуки ќе бидат поништени.
По објавата на годинешната програма на Министерството за култура за тоа кои институции и манифестации ќе бидат поддржани со државни пари, Иван Јерчиќ, директор на Народниот театар од Битола на својот фејсбук профил го напиша следниот коментар:
„Во оваа прилика само ќе го искористам слоганот, мотото, идејата или како сакате на една не толку одамнешна иницијатива од соседството. NIJE Umetnički Ćutati !!!“
Инаку, Народниот театар од Битола годинава доби финансиска поддршка за четири претстави и меѓународниот „Битола Шекспир фестивал“.
По 20 години опстанок, постои опасност да згасне Интернационалниот фестивал на монодрама што со години традиционално се одржуваше во Центарот за култура во Битола.
Годинава фестивалот не доби ни денар финансиска поддршка од Министерството за култура. Директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска Илијевски на својот фејсбук профил реагираше:
„21 година Фестивал на Монодрама, член на интернационален форум One man show под УНЕСКО, оваа година не доби средства во годишната програма на Министерството за култура. Прво мислев дека неможам да го најдам, потоа дека е некоја грешка во објавувањето на програмата... Значи на крај е сепак 0 денари“.