АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Полициската станица во Битола регистрирала 239 прекршоци лани, од кои над 86 проценти се случиле во градот, а преостанатите по селата. Од прекршоците во Битола 146 биле на улица или полоштад, 20 во угостителски објект, а останатите на други места.
Извештајот што СВР го достави до битолскиот Совет покажува дека поднесени биле 237 барања за поведување на прекршочна постапка.
Најзастапени прекршоци според видот, биле физичките напади, ги имало на број 109 или безмалку половина, па учество во тепачка, уживање дроги, оддавање на пијанство на јавни места, фрлање и кршење на разни предмети.
Како причини за прекршоците се наведуваат нарушени меѓучовечки односи, нерешени имотно- правни односи, семејни кавги, дејство на алкохол...
Прекршителите најчесто биле невработени лица 207, а вработени 105. Во однос на возраста ги имало стотина од 16 до 25 години.
Со телесни повреди се здобиле 307 лица.