2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Уште едно прво место за 17- годишната Егенија Дивитарова, средношколка  иноватор од Техничкото училиште во Битола, која досега изработи две машини за гравирање со ласер, за кои доби награди на релевантни натпревари за млади иноватори во земјава. Овој пат, освои право место за најдобро креирано портфолио. Таа за Апла.мк изјави дека натпреварот го организираа од  Младинската асоцијација на средни стручни училишта во земјава- МАССУМ. На него учествуваа повеќе ученици од средни училишта, кои имаа задача да изработат портфолио за себе, слично како CV и при тоа да ги внесат своите досегашни успеси што ги постигнале на одредени натпревари, а  да запазат и одредени позиции кои се задолжителни. Од сите учесници од земјава, Дивитарова беше најуспешна, а ментори ѝ беа Цветанка Митревска и Гордана Танеска.

По раскинувањето на договорот со фирмата МС КОНСТРУКТОР ДООЕЛ Битола, Општина Битола спроведе постапка за избор на нов изведувач на градежните работи на ул. „Климент Охридски“. Денес на електронска аукција беше избрана фирмата која ќе изврши реконструкција на коловозот и тротоарите на ул. „Климент Охридски“ во Битола, соопштија од Општина Битола. 

По критериумот најниска цена, победник на електронската аукција е фирмата „Еуроинвест Медиу“.

Од денот на потпишувањето на одлуката, учесниците имаат право на жалба во рок од осум дена, а по истекот на законските жалбени рокови, се очекува да се потпише договор со изведувачот и да се започне со асфалтирање и партерно уредување на улицата „Климент Охридски“.

Општина Битола останува доследна на спроведувањето на законските одредби во однос на сите изведувачи.

Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола беше домаќин на највисокото републичко раководство на Сојузот на пензионери на Македонија.

Градежни парцели со намена за деловни простори во локалитетот АРМ, за првпат комплетно инфраструктурно подготвени со целосно изградена инфраструктура, беа претставени пред потенцијални инвеститори од ИТ секторот. На презентацијата, присутните имаа можност да се запознаат со локациите за изградба на објекти, површина, како и за постапката за електронска аукција. Градоначалничката Наташа Петровска најави дека наскоро ќе следува објава за слободните парцели за оваа намена, а општинската администрација е подготвена да им одговори на сите прашања на заинтересираните страни, со цел создавање услови за рамноправен натпревар на сите заинтересирани субјекти.

58 годишен холандски моторџија загина во сообраќајна несреќа попладнево околу 17 часот на излезот во Битола над Довлеџик на кривината за Пелистер, соопштија од СВР Битола за Апла.мк.

Хотел „Молика“ кој работи како подружница на ЕЛЕМ Турс, еден од македонските туристички брендови, денес прослави 25 години постоење. По тој повод во употреба беше пуштена и летна тераса. Директорот на Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕЛЕМ Турс, Џемал Јусуфи рече дека од 1994 година кога хотелот бил пуштен во употреба, па се до денес оставрил над 400 000 ноќевања на домашни и странски туристи.

Како советници од советничката група ПОИНАКУ Габриела Илиевска и Иван Чулакоски бараме јавно извинување од советникот Борче Корлевски за ширење лаги и невистини во врска со 32 седница одржана во Советот на Општина Битола на ден 23.04.2019 во 10часот. во врска со точката број 4 од дневниот ред -Одлука за основање на Јавно претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општината Битола.

На седницата едниот советник беше отсутен од салата, а другиот воопшто не учествуваше во гласањето. Советникот кој погрешно пренел или се обидел да пренеси грешно, направил клевета и ќе биде повикан да се извини или ќе биде повикан на суд. Барањето за извинување од негова страна ќе го поднесиме до сите кои пренеле или објавиле. Во рок од 48 часа бараме да се извини бидејќи има записник од денешната седница, кај што стои кој бил, а кој не бил, како гласал , а кој не гласал. Иван не беше присутен од објективни причини, а Габриела беше присутна ама не гласаше воопшто бидејќи не ги доби бараните податоци и информации. Се останато е невистина и клевета.

Поинаку-Битола

Денес се навршуваат 40 години од првиот Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во тоа време наречен „Манакиеви средби“. На 23 и 24 септември 1979 година на манифестацијата беа презентирани краткометражни и долгометражни филмови од сниматели од цела Југославија, а беше организирана и тркалезна маса со познати филмски работници од сите тогашни центри на Југославија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани