АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Хотел „Молика“ кој работи како подружница на ЕЛЕМ Турс, еден од македонските туристички брендови, денес прослави 25 години постоење. По тој повод во употреба беше пуштена и летна тераса. Директорот на Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕЛЕМ Турс, Џемал Јусуфи рече дека од 1994 година кога хотелот бил пуштен во употреба, па се до денес оставрил над 400 000 ноќевања на домашни и странски туристи.
„Молика“ за 25 години ја посетиле над еден милион посетители од земјава и регионот, од Грција, Албанија, Србија, Холандија и од каде уште не. По повод дваесет и пет годишнината денес раководството на „Молика“ додели благодарници на истакнати личности кои придонеле за нејзиниот развој, институции и фирми. Хотелот беше пуштен во употреба во присуство на поранешниот претседател на државата Ќиро Глигоров.