2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Уште првиот ден од првиот уписен рок во гимназијата „Јосип Броз Тито“ учениците кои се пријавија за упис ја исполнија квотата со распишани слободни места за прва година.

Во оваа Гимназија, која со години важи за елитна, денес се пријавија 207 ученици, а според конкурсот објавени се 204 слободни места. Од „Јосип Броз Тито“ за Апла.мк потврдуваат дека и оваа година интересот за упис е голем, а најмногу пријавени ученици има за природно-математичкиот смер , комбинација Б.

Силно невреме проследено со врнежи од град вчера предизвика сериозни оштетувања врз градинарските и житните култури во битолското погранично село Егри. Земјоделците се пожалија дека градот им го обра годинешниот род од пипер, жито, јачмен, пченка, бостан...

„Вчера по 16 часот не фати голема несреќа, сѐ што имавме посадено и посеано ни уништи. Пипер, пченка, јачмен. Врнеше 45 минути, паѓаше град голем колку орев. Невидено до сега. Зафати околу 200 хектари од полето. Се случувало и претходни години да врне град во овој период, но толку голем зијан во нашето поле не направил досега “, се пожали Манојле Ристевски, жител на Егри.

Од општина Битола соопштија дека после силните врнежи од дожд и град кои оставија големи последици врз земјоделските насади во неколку битолски села, а со цел локалната самоуправа да им помогне на земјоделците во намалување на последиците со кои се соочуваат, се повикуваат сите земјоделци од општината да достават барање за надомест на штета .

Доставените барања ќе бидат разгледани од страна на Комисијата за проценка на штети од елементарни и други непогоди.

„Денес заедно со колегите од Советот и претставници од Општина Битола ги посетивме оштетените земјоделски површини од град во атарот на с.Егри. Се повикуваат сите земјоделци од општината, во чии што земјоделски површини е направена штета, да достават барање за надомест на штета до Општина Битола. Заедно со барањето, потребно е да достават имотен лист од површината на која се наоѓа земјоделската култура, најдоцна до 24.06.2019 година до 16:00 часот. Веднаш по пристигнувањето на пријавите ќе бидат направени проценки и истите ќе бидат соодветно обештетени“, напиша на својот фејсбук профил началникот по земјоделство Методија Илиевски. 62496519 1598971403567795 452186650982744064 n64595534 1598971693567766 704698709006352384 n

Во Битола има 797 завршени основци, а според конкурсот распишани се повеќе од двојно слободни места во средните училишта. 

Адвокатот Васко Талевски е единствениот член од Битола во новоизбраниот Извршен одбор на СДСМ. Тој е меѓу 16 нови членови на Извршниот одбор што беа избрани на денешната седница на Централниот одбор на СДСМ што се одржа во Охрид. 

Нови членови на Извршниот одбор: се Фросина Ременски, Благојче Бочварски, Рената Десковска, Костадин Костадинов, Есра Салихи, Ѓоко Танасовски, Весна Гершан, Васко Талески, Тања Стојановска Иванова, Драган Тевдовски, Салија Љатиф, Стефан Богоев, Кети Василевска, Нина Велкова, Петре Шилегов и Маринела Ојлеска.

Уште еден јунски врел ден завршува со дожд  и грмотевици. Попладнево Битола беше зафатена од невреме. Температурата  која преку ден се искачи до 27 степени Целзиусови, попладнево падна за десет степени. Невремето се очекува да продолжи во текот на ноќта, а дожд да врне и утре.

Република Северна Македонија секако дека треба да добие датум за преговори за влез во ЕУ, но има некои технички проблеми кои треба да бидат решени и мислам дека на есен ќе го добие датумот, изјави германскиот амбасадор Томас Герберих на денешното засадување на дрвца во Отешево, Преспа, со што се одбележа една година од Преспанскиот договор. Неговиот француски колега Критијан Тимоние рече дека земјата ја чека уште многу работа.

„Непходно е земјите на Западен Балкан заедно да влезат во ЕУ, тоа е многу важно за регионот, да одат во пакет заедно. Но, секако постојат разлики меѓу државите и важно е да не се казнува една држава поради бавниот напредок на друга земја. Тоа е процес и европските членки ќе размислат за тоа. Јас мислам дека најдобра идеја е да се донесат заедно во Европската Унија“, рече германскиот амбасадор.

Запарашан кој е неговиот коментар околу можна политичка криза во земјава доколку не добие датум за преговори, Герберих рече : „Премиерот Заев направи добра работа во последните две години со стабилизација на оваа земја и мора да се задржи владата и да не се зборува за избори“.

Францускиот амбасадор Тимоние на прашањето дали ќе се загрози Преспанскиот договор доколку на изборите во Грција победи Мицотакис, рече дека тоа не е негова должност.

„Но, не е време за борба, туку да работиме. Работите, работите, уште има да работите, нови реформи и постоа ќе видиме што се може“, додаде тој.

Викендов крај Преспанското Езеро се одржува манифестација „Запознај ја Преспа„ на која учестуваат младински организации од сите три земји кои го делат езерото, нашата, Грција и Албанија сакајќи да покажат заедништво во регионот.

 

Уште еднаш црвен аларм за односот на одредени возачи кон велосипедистите во Битола влчучи синоќешната сообраќајна несреќа во која беше повреден велосипедист од градот. Несреќата се случила на крстосницата од улиците „Партизанска“ и „Студентска “ кога возило не почитувајќи го правилото за првенство на минување, му го пресекло патот на велосипедист. Од ударот лицето кое управувало со велосипедот било фрлено неколку метри настрана, па со главата удрило и во друго возило. По ова, велосипедистот завршил болница со потрес на мозокот и набиеници.

Дури 77 проценти од жалбите што лани биле поднесени до Советот за етика во медиумите се однесувале на интернет портали, беше соопштено на денешната дебата на СЕММ во Битола за медиумската саморегулација. Од Советот за етика рекоа дека он лајн медиумите се посебна приказна бидејќи често пати кај дел од нив има нарушувања во почитувањето на Кодексот на новинари. Но, решението го гледаат во нивна саморегулација, а не воведување на дополнителни законски решенија.

ЈП „Стрежево“ Битола им соопштува на сите граѓани дека сезоната за наводнување 2019 година е започната. Од тие причини во главниот канал и останатите објекти се пуштаат поголеми количини на вода, поради што СТРОГО СЕ ЗАБРАНУВА движење и задржување на граѓаните (минувачите) околу истите.

Сето ова е заради заштита на нивната безбедност и безбедноста на нивните најблиски.

Со почит, ЈП „Стрежево“-Битола

Девојче се удави во базенот „Довлеџик“ во Битола. Од Битолската полиција потврдуваат дека имаат таква пријава, а детали за случајот ќе објават подоцна.

Не се знае точно дали девојчето влегло во базентот да се капи или пак, се лизнало.  Базенот се уште не е отворен за оваа сезона. Инаку е во сопственот на Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола, но со него стопанисува приватниот концесионер „Мега Груп“ на кого под закуп го издала уште претходната власт на 12 април 2017 година. Табла со името на концесионерот е поставена кај базенот. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани