АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Пазари“ е првото јавно претпријатие во земјава кое ќе произведува струја од фотоволтаични панели. Денес заврши тендерот и на електронско наддавање беше избрана фирма за набавка и инсталација на панелите. Тие ќе се монтираат на покривот на постоечките настрешници над пазаришните тезги. Електричната енергија што ќе се добива ќе се користи за потребите на претпријатието.
„Со ова даваме придонес кон заштита на животната средина, намалување на трошоците во работење и проширување на дејноста на претпријатието. Вкупна инвестиција од 1.1 милион денари се обезбедени од сопствени приходи“, вели директорот на ЈП „Пазари“ Владе Атанасовски.
Култура, а не е естрада ќе понуди новото 13-то издание на „Локум фест- музика и традиција“ што од четврток до сабота ќе се одржи во Битола. Главна музичка сцена ќе биде старата чаршија, а за присутните ваквото несекојдневно доживување ќе биде бесплатно зашто не плаќаат влезници. Засладени со вкусниот македонски локум ќе можат да уживаат во страоградската музика, а во рамки на оваа издание и да слушнат како уметници од Данска и Исланд ја негуваат балканската музика.
ФОТО ТВ ТЕРА
Борис и Васка Алтипармак се запишани на Почесниот ѕид на праведниците во Јад Вашем, Израел, кој е меморијален центар за Евреите погубени во Холокаустот. Тоа се битолчани кои во виорот на Втората светска војна успеале да спасат четворица млади Евреи од депортација во логорите во Полска. Од благодарност кон нивната хуманост, Израел пред 28 години им ја додели титулата „Праведни меѓу народите“, медали и сертификат на честа.
Гани Корчаревски, земјоделец од битолското село Граешница е еден од корисниците на мерките од ИПАРД програмата кои му помогнаат да набави современа механизација. Во неговата фарма денес го посети министерот за земјоделство Трајан Димковски и директорот на Платежната агенција, Никола Бабовски.
До крајот на годината ќе се избере фирма која треба да изврши реконструкција на електростатските филтри во РЕК „Битола“ со што испуштањето на ПМ 10 честичките петкратно ќе се намали. Ова беше соопштено на денешната работна средба на заменик претседателката на Владата и актуелен министер за одбрана Радмила Шекеринска со раководството на РЕК „Битола“ предводено од генералниот директор Васко Ковачевски.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска е во посета на РЕК Битола и оствари средба со раководството на Комбинатот.
Ова лето за СДСМ ќе биде работно! СДСМ останува да биде секој ден на терен рамо до рамо со граѓаните, да се презентира веќе сработеното, но и да ги слушнеме нивните потреби, се со цел уште позасилено да работиме на реализација на централните и локалните програми, најави Борче Корлевски, портпарол на Општинската организација на СДСМ во Битола.
РЕК Битола ја известува јавноста дека успешно завршија ремонтните активности на Блок 3 во рамките на кои се извршени сите планирани зафати. Во текот на денот започнуваат пуштачките операции, по што Блок 3 ќе биде ставен функција и синхронизиран со електро - енергетскиот систем на земјата.
„Паралелно со тоа, од работа ќе биде исклучен Блок 1 на кого ќе бидат извршени сервисно – санациони зафати за подобрување на производствените перформанси. РЕК Битола ќе го продолжи производството на електрична енергија од Блок 2 и Блок 3, со што целосно ќе ги задоволи потребите од електрична енергија на АД ЕСМ и Република Северна Македонија“, пишува во соопштението од РЕК „Битола“.