АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„За Црнобуки ни велеа што ќе правите таму, никој не знае тоа место на мапата каде е“, вели фудбалскиот ветеран од ФК „Партизан“ Горан Кадениќ. Тој го предводи тимот на „Партизан“ составен од ветерани, поранешни фудбалски ѕвезди кои денес играат ревијален натпревар со тимот ветерани од ФК „Црнобуки“.
„Прифативме да дојдеме зашто во Црнобуки има едно јадро на тврдокорни навивачи на 'Партизан' кои ги следат нашите натпревари на стадион во Белград, а во срцата ја носат црно-белата боја. Во ова време нема поубава работа освен онаа кога луѓето се сретнуваат за спорт. На третото полувреме се утврдува кој победи, оној резултат на зелената трева е малку повеќе ирелевантен, важно е дружењето пред тоа и потоа“, рече Кадениќ.
Натпреварот се одигрува како едногодишен помен од смртта на еден од големите навивачи на „Партизан“ од битолско, сега покојниот Трајан Кочишки –Куља од Црнобуки. Тој бил дел од тимот кој го изработил најдолгото навивачко знаме во Битола, а воедно и едно од најголемите поставено на стадионот на ЈНА. Средбата ја иницираше неговиот син Тодорче Кочишки, претседател на ФК „Црнобуки“ ЗЛ.
„Татко ми беше голем вљубеник во фудбалот. За жал, не доживеа да го види најголемиот успех на ФК Црнобуки кога успеа да се пласира во третата лига југо-запад. Почина, но од мали нозе мене и брат ми не научи да го сакаме фудбалот. Овој денешен настан е големо случување за спортот не само во Битола, туку и во целата држава“, рече Тодорче Кочишки.
Меѓу некогашните големи ѕвезди од „Партизан“ допатува и фудбалерот Небојша Вучичевиќ, кого го нарекуваат волшебник на топката и досега за овој тим одиграл 341 интернационален натпревар.
Ветраните од ФК „Партизан“ доделија плаќети на битолската градоначалничка Наташа Петровска и заменик министерот за локална самоуправа Дејан за помошта што ја дадоа за да се одржи натпреварот.
„За да го имаме овој настан денес во изминатиот месец општината се вложи со сите јавни претпријатија со многу стопански и приватни субјекти во градот целокупно да се среди инфраструктурата за да имаме услови за еден ваков настан кој значи промоција и на спортот“, рече Петровска.
Присутен е и Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт кој рече дека ќе преземат мерки уште повеќе да се подобрат условите во Црнобуки за да можат таму да се одигруваат и други значајни фудбалски натпревари.
Ветераните од „Партизан“ рекоа дека како што денес локалните портали пренесуваат дека Црнобуки го донесе „Партизан“ дома, така во иднина ќе пишуваат дека ФК „Црнобуки“ е поканет да гостува на стадионот во Белград каде играле светски познати фудбалери.
Натпреварот во Црнобуки заврши 7 спрема 4 за ФК „Партизан“.
„Моето и влијанието на градоначалничката ќе го искористиме во следниот период да се лоцираат повеќе средства кои ќе се инвестираат во Општина Битола и мислам дека доаѓаат добри моменти за граѓаните на Битола. Периодот кој следи интензивно ќе разговараме кои проекти можеме да ги понудиме. Дел од буџетот за оваа година е затворен, се надевам дека со ребалансот ќе одделиме некои средства. Понатаму, сите проекти кои се подготвени ќе ги пријавиме на конкурсите за прекугранична соработка зашто до крајот на годината ќе има таков повик за соработка со Грција, а и преку средства од буџетот за регионален развој на Министерството ќе алоцираме средства наредната година, “, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски запрашан што може од таа позиција да направи за родниот град.
Несекојдневна изложба на абориџинската култура од Австралија поставена е во Фоајето на Центарот за култура во склоп на „Илинденски денови“. Абориџините се народ кои ги населувале пустинските предели во западна Австралија илјадници години , биле ловци и сточари, а познати се и по тоа што како средство за лов го користеле бумерангот. Преку изложбата е прикажан животот на еден од најстарите народи во светот и нивната култура, конфликтот со модерниот свет и преживувањето.
Од Секторот за внатрешни работи Битола, утврдени се одредени злоупотреби од превозниците (физички и правни лица) кои вршат транспорт на огревно дрво до купувачите со неиздавање на испратници за испорачаната дрвна маса која е жигосана со број на печат.
Од СВР Битола соопштија дека се преземаат соодветни мерки и активности за сузбивање на ваквите појави со поднесување на соодветни пријави до надлежното ОЈО. Повеќе детали не можат да соопштат во јавноста за да не наштетат на истрагата, но сакаат да апелираат до граѓаните во оваа сезона кога зачестена е доставата на дрва да бидат внимателни.
Битолската градоначалничка Наташа Петровска била повикана и денес дала исказ во Јавното обвинителството за случајот „Рекет“ во кој осомничени се Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информираат дека вчера го повикале градоначалникот на Општина Карпош, а денес и Петровска да дадат исказ бидејќи се смета дека можат да помогнат во натамошното утврдување на факти во предметот.
Се конзервира минарето на битолската Јени џамија високо околу 40 метри. Проектот и надзорот се на битолски Завод и музеј, а средства се обезбедени од Министерството за култура. Поради висината на минарето, околу него се монтира скеле кое треба да овозможи безбедност за работниците кои ја изведуваат конзервацијата.
Филип Рикер, вршител на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија и амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз денес оствариja средба со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
Со ликовни дела на кои е отсликана Битола, нејзините архитектонски и културни богатства, како и вечната Хераклеја синоќа во Завод и музеј од Битола беше отворена изложба по повод јубилејот 60 години творештво на познатиот битолски уметник Панде Петровски. Оваа изложба која содржи над 200 негови творби беше отворена во предвечерието на фестивалот „Илинденски денови“ и е поддржана од Министерството за култура, Општина Битола, Центарот за култура и други институции..
Во јавното претпријатие „Комуналец“ вчера се одржала средба на советници од Општината, на која присуствувале претставници на советничкото мнозинство и опозицијата, додека поради користење на годишен одмор своето отсуство го најавиле советниците од граѓанската иницијатива „Поинаку“, соопшти директорот Панде Богоевски.
,,Започнуваме со значаен проект за општината и тоа интегриран систем за зелен транспорт. Ќе бидат набавени две електро-транспортни возила, мини бус и помало возило, кои ќе бидат ставени во функција на граѓаните и ученици. Проектот опфаќа и систем за полнење на овие возила со електрична енергија", рече градоначалничката Наташа Петровска.