АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Постои ли судбина? Дали ние сме одговорни за сѐ што се случува во нашиот живот или постои нешто што е однапред определено? Овие прашања се поставувале и се уште ќе се поставуваат кај секого од нас.
Планираме нешто, правиме се да се оствари...и нема да излезе по нашиот план, сакаме да речеме дека е судбина. Судбина значи да постанете свесни дека неможете да го избегнете она што е предвидено за Вас, но и не може да ве снајде она што е предвидено да Ве заобиколи. Сепак и тој одговор е во ваши раце.
Должни сме кога сакаме нешто и за тоа нешто сме спремни да ја платиме цената, да направиме сѐ што е во наша моќ тоа да се реализира во нашиот живот. Кога и покрај сите наши напори тоа не се случува, треба да веруваме во процесот на живот и да бидеме мирни што не се остварува нашиот план. Само кога ќе преземете сѐ што е потребно, а одредена врата останува затворена треба да верувате дека тоа е за ваше добро и да не тропате повеќе таму, иако не знаете како може да е добро за Вас.
Понекогаш се однесуваме како ,,Алиса во земјата на чудата“. Не знаеме дали сонуваме, се чувствуваме мали, преголеми, изгубени и остававме нешто да не води. Ако се пробудиме ќе сфатиме дека постои причина зошто сме таму некаде каде што сме и прифакајќи го тоа можеме да стигнеме каде што сакаме. На тој пат можеби некогаш ќе треба да се откажеме од тропањето по вратите кои не ни се отвараат. Секогаш постои причина зошто е тоа така.
Една приказна која ја прочитав пред неколку месеци вели:
Кога стигнал во своето царство, кралот го викнал верниот слуга да му се извини и го прашал што сака. Тој му одговорил: „Никогаш не знаеме зошто е нешто добро, ако јас бев со Вас сигурно сега ќе бев кај човекојадците. Доволно е да знаеме дека се е онака како што треба да биде. Затоа сум и жив и сум среќен поради тоа. Воопшто не треба да ми се оддолжувате, Вие веќе ми го спасивте животот.”
Човек никогаш не знае зошто е нешто добро. Ако веруваме дека и лошите работи на долги стази се добри за нас, ние сме спремни да преземеме сѐ да го оствариме она што сакаме да го оствариме. Кога тоа не се остарува, треба да ја бараме мудроста во нас и да веруваме во процесот на живот. Некогаш нешто што не се случува, а сме направиле се, е нешто кое никогаш не треба да се случи за наше добро.
Ако не ви е сеуште јасно дали постои судбина, погледнете во себе. И онака одговорот е во ваши раце. Дали ќе направите сѐ нешто да се оствари или нема да направите ништо како изговор дека постои судбина е ,,за ваше добро“,.
Пишува м-р Билјана Галовска НЛП тренер и коуч, предавач на Бизнис Академија Смилевски – Битола, инфо: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.