АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
И во услови на вонредна состојба поради коронавирусот, во капацитетите на ЕСМ во земјава струја се произведува непречено. Генерланиот директор на ЕСМ Васко Ковачевски вели дека се преземаат сите потребни мерки за заштита на вработените, а истовремено и мерки за да се обезбедат потребните 80 проценти струја за потребите на државата.
„Во моментов ги произведуваме потребните количества на енергија, немаме зголемена побарувачка во однос на нашата испорака кон ЕВН. Истовремено ги насочуваме сите наши сили и ресурси кон РЕК Битола. Сметаме дека ќе ги исполниме обрските и задачите , но истовремено апелираме кон граѓаните и фирмите максимално да ја штедат енергија зашто таа значи и живот“, рече Ковачевски.
ВМРО-ДПМНЕ од денес Општинскиот изборен штаб го става во целосна функција на граѓаните за побрзо справување со последиците од заболувањето предизвикано од вирусот COVID-19.
„Бидејќи сите превземени активности треба да имаат институционален и професионален пристап нашите ресурси ги ставаме на располагање на надлежните институции. За таа цел после повикот до нашите членови и симпатизери денес во рок од еден час се пријавија 119 волонтери кои во периодот кој следи ќе бидат на располагање на ОО на Црвен крст - Битола доколку има потреба“, соопшти претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Иванчо Тошевски.
Црвениот крст оформи три тимови со по четворица волонтери кои можат да доставуваат храна и лекови на лицата кои не можат да излезат од домовите. Воведени се две беплатни телефонски линии на броевите 070 791 770 и 047 236 019 на кои граѓаните можат да побараат помош.
Епидемиологот Д-р Тони Коњановски на својот фејсбук профил во деновите кои следат ќе сподели свои препораки како битолчани да се заштитат од вирусот COVID 19.
Тој најавува дека во деновиве кои следат и покрај неговите обемни работни обврски, ќе најде време да ги сподели сите сознанија, препораки, мерки и постапки со битолчани и другите жители во земјава за заедно да ги спроведеме во оваа наша “битка” со болеста.
Докторот на својот фб профил напиша: „Стравот од непознатото, немирот, паниката, се вгнездија во секој дом, секое семејство, колектив. Како лекар, специјалист епидемиолог обучен и повикан да дејствува во вакви кризни ситуации, заедно со моите колеги од Центарот за јавно здравје од самиот почеток на заканата секојдневно, 24часа на повик, комплетно сме инволвирани во следење, контрола и спречување на ширење на инфекцијата. Новиот вирус SARS Cov-2, причинител на новата закана наречена СOVID 19 е веќе меѓу нас. На Нас, пред се на моите колеги здравствените работници,но и на Вас, моите сограѓани, моите пријатели, познаници, знаени и незнаени е товарот и одговорноста да се справиме и избориме со предизвикот. Епидемиологијата на COVID 19 не познава боја, вера, национална припадност а уште помалку партиска припадност. Затоа заедно, без паника, но со крајна сериозност и одговорност, почитувајќи ги доследно препораките на лекарите да се обидеме да ја извојуваме битката на оваа генерација“.