2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Основното јавно обвинителство Ресен поднесе предлози за издавање казнени налози за три лица заради кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Техничкото училиште се вклучи во процесот на изработка на визир маски потребни за вработените во јавните и приватните здравствени установи од градот во овој толку сензитивен период на пандемија со корона вирусот.

Стравот од корона не ги повлече сите девојки кои нудат интимни моменти на патот од Битола кон Кравари. Бројот е изретчен, но сепак има по некоја која одлучила да не е во изолација. Само што полицискиот час им го помести ,,работното" време. Фотографијата е направена вечерва половина час пред почетокот на полицискиот. И овој занает трпи штети зашто покрај изолацијата, веќе не навраќаат ни муштериите од Грција. 

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Предлог за определување казнен налог против едно лице за кривично дело nепостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 32-годишник, на 24 март околу 22:00 часот бил затекнат како се движи по улица „Илинденска“ во Битола, со што не ги почитувал донесените прописи и мерки за спречување и сузбивање на коронавирусот COVID-19 и забраната за движење на населението во периодот од 21:00 до 05:00 часот.

Меѓу лицата кои досега се ставени во корантин, а доаѓаат од странство нема трудници. Доколку се појави бремена жена која треба да биде сместена во карантин за секој случај ќе се делува индивидуално во консултација со гинеколог, рече министерот за здравство Венко Филипче на прашање поставено д Апла.мк. Прашањето беше поставено од читатели на нашиот портал. 

Јавните претпријатија вршат дезинфекција на станбени единици низ градот, соопшти градоначалничката Наташа Петровска преку својот фб профил.

Во денешната акција беа опфатени населбите Карпош, Кланица, Стрелиште и Стара болница. По изготвен акциски план, со оваа активност ќе продолжи и понатаму , како една од превентивните мерки.ЗГРАДА 2

ЗГРАДА 3

ЗГРАДА 4

ЗГРАДА

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани