Анета Блажевска

Анета Блажевска

За три недели се вакцинирале 1350 битолчани со вакцината „АстраЗенека“ на вакциналниот пункт во школската амбуланта на училиштето „Даме Груев“ во Битола.

„Има останати вакцини 350. Распределени се по 150 термини на ден. Има термини уште за денес и утре, ама во зависност од колку ќе потрошиме вакцини, преку „Мој термин“ пуштаат нови термини“, рече за Апла.мк  директорката на Здравствен дом, Весна Спиркоска.

Во најновиот неделен извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 12 до 18 априле, во Битола е регистрирана највисоката неделна инциденца, односно имало 405 заболен за една недела. Исто така во Битола е регистрирана и најголемата двонеделна инциденца, односно во последните 14 дена има 916 нови случаи. Битола по Тетово во ова недела има и наголема преносливост на вирусот, односно RО е 0,87.

t120.4

Во извештајот на Институтот за јавно здравје на ниво на цела држава утврдено е намалување на бројот на новозаболени од КОВИД-19 за 24,3 проценти во однос на претходната недела,. Доминантен е бритаснкиот сој, со 100 процентна застапеност кај тестираните примероци, информираат од ИЈЗ.

Најзастапена so 33,1 % е возрасната група на лица над 60 години, а најмалку заболени има кај децата до 9 години 1, 8%.

 

линк до извештајот на ИЗЈ: https://www.iph.mk/

Во Битола денска се регистрирани 80 новозаболени од вкупно 766 во државата, има 101 оздравен пациент, починале 4 лица од 58 до 84 години, а  има 1211 активни слуачи. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани