Анета Блажевска

Анета Блажевска

Ковид - 19 сериозно ги засега дијабетичарите бидејќи тие иако не се разболуваат почесто во споредба со општата популација сепак, во случај на инфекција, развиваат потешки форми на болеста кои може да завршат и со смртен исход. Кај пациенти со дијабетес кои се инфицирани со Sars-CoV-2 неопходно е почесто да се контролира нивото на шеќер во крвта, гликемиската терапија да се прилагодува на дневна база и пристапот во лекувањето да биде во зависност од тежината на болеста. Ова се препораките кои проф. д-р Татјана Миленковиќ од ЈЗУ Клиника за ендокринологија, дијабетес и болести на метаболизмот ги сподели на неделната он-лајн дебата која ја организира Лекарската комора на РСМ, а овој пат беше на тема „Ковид-19 и дијабетес“.

Пациентите со белодробна опструктивна болест, дијабетес, хипертензија и малигни тумори имаат значително поголем ризик за тешка форма на болеста ковид - 19.

"Во секојдневната пракса и соочување со овие пациенти гледаме и дека колку е поголем број на коморбидитети толку се поголеми и шансите за да дојде до компликации и фатален исход“, изјави проф. д-р Миленковиќ.

Таа потенцира и дека направени студии потврдуваат дека дијабетесот е навистина голем ризик фактор за морталитет од ковид - 19.

„Голема национална студија во Кина покажала дека морталитетот на пациенти со дијабетес бил 10 проценти, додека кај пациенти без дијабетес 2.5 проценти. Кинескиот центар за контрола и превенција на болести изјави дека пациентите без коморбидитети имаат стапка на морталитет 0.9%, додека кај пациентите со дијабетес стапката на морталитет е 7.3%“, објасни проф. д-р Миленковиќ.

Луѓето со дијабетес имаат зголемен ризик за компликации од ковид-19 и фатален исход поради повеќе причини меѓу кои и тоа што имаат дефекти во имунитетот, имаат зголемен ризик за тешки инфекции поради зголеменoто ниво на цитокини, а инфекцијата со ковид-19 ја зголемува состојбата на инсулинска резистенција кај дијабетесот.

„Целокупната смртност од ковид-19 е поголема кај луѓето со дијабетес тип 1 во споредба со дијабетес тип 2. Главните ризик фактори кај пациенти со дијабетес тип 1 за полош клинички исход на инфекција со вирусот се пациенти постари од 50 години, долго траење на дијабетесот, голема преваленца на придружни заболувања. Забележана е поголема зачестеност на дијабетесна кетоацидоза кај деца и адолесценти со новоткриен тип 1 дијабетес за време на ковид-19, но инциденца е иста во споредба со претходните години во истиот временски период што се претпоставува дека покажува дека ковид - 19 не ги зголемува шансите за појава на тип 1 дијабетес, само ја влошува прогнозата за лекувањето“, објаснува проф. д-р Миленковиќ.

На лошата состојба на пациентите со дијабетес влијае и тоа што долго време се во домашен карантин, не се подложни на редовни контроли што дополнително го влошува дијабетесот и допрва ќе се гледаат негативните последици од тоа, а и стресот и паника која ја чувствуваат негативно влијае на регулацијата на шеќерот.

Иако не постојат доволно докази за медицина базирана на докази за ковид-19 третман кај луѓе со дијабетес, сепак постојат препораки. За лесни и умерени помлади пациенти со ковид-19, треба да се држи строга / тесна гликемиска контрола (4.4-6.1 гликемија на гладно и 6.1-7.8 после оброк). За лесни и умерени стари пациенти или пациенти на гликокортикоиди, потребна е пониско или средно ниво на гликемиска контрола ( 6.1 -7.8 кликемија на гладно и 7.8-10 после оброк). За тешки и критични пациенти, постари пациенти, пациенти кои не поднесуваат хипогликемии или пациенти со сериозни кардиоваскуларни и цереброваскуларни заболувања, потребно е да се одржува ниско ниво на гликемиска контрола (7.8-10.0 на гладно и 7.8-13.9 после оброк).

Проф. д-р Миленковиќ појасни дека точно се знае кои од препаратите за лекување на дијабетесот може да се даваат на дијабетичарите со ковид-19, а кои може да ја влошат состојбата и треба да се одбегнуваат. Какво ќе биде лекувањето зависи од тежината на болеста и од видот на дијабетот.

"Гликемиската контрола мора да се оптимизира, особено кај хоспитализирани пациенти со дијабетес, потребно е често прилагодување на терапијата. Метформинот може да се користи кај лесни случаи со ковид-19 сѐ додека кислородната сатурација е добра, но ако таа намалува лекот треба веднаш да се прекине и да се премине на инсулин. Инсулинот се преферира како најмоќно средство за контрола на гликемијата и кај некритични пациенти се дава поткожно, додека кај критични пациенти со сериозно нарушување на гликемијата, дехидратација и електролитен дисбаланс инсулинот се дава инстравенски со интензивна инфузија на течности“, изјави проф.д-р Миленковиќ.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 16 часот (во см)

Голем бор се откорна во центарот на Битола, позади Јени џамија. Откорнатото дрво паѓајќи оштети и канделбра во паркот и за среќа не предузвика други штети.  163341745 2014640938691583 7615283680932087691 n    

На битолскиот рид Кркардаш, од каде градот се гледа како на дланка, на местото каде во 14 век загинале мачениците, се издига црквата „40 маченици“ која денес ја празнува својата слава.

Денес, на првиот ден од пролетта, Битола е зафатена со снежни врнежи и максимална температура до два степени Целзиусови. 

Од УХМР сооштија дека денес и утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд на југоистокот, а на планините и на повисоките места од државата од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има денес и преку ноќта (локално во западните и северните делови над 30 л/м2). До крајот на денот во понеделник на планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова од околу 15 см ќе има и речиси насекаде во западните и североисточните делови. Проретчена снежна покривка (5 см.) ќе се формира и низ Скопската Котлина.
Во вторник и среда наместа ќе има врнежи од слаб интензитет и ќе биде студено со повремено силен северен ветер (локално и над 60 км/час). Најстудено наутро ќе биде во среда и четврток.

Во последните 24 часа се направени 2.730 тестирања, а регистрирани се 642 нови случаи на КОВИД-19 во:

-Скопје 321
-Прилеп и Велес по 40
-Куманово 27
-Гостивар 23
-Кавадарци 22
-Охрид 20
-Тетово и Неготино по 17
-Штип 15
-Битола и Струмица по 13
-Берово 12
-Делчево 9
-Гевгелија 7
-Ресен и Богданци по 6
-Струга и Кочани по 5
-Дебар, Виница и Крушево по 4
-Кичево и Свети Николе по 3
-Македонски Брод 2
-Крива Паланка, Радовиш, Кратово и Демир Капија по 1
Пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 61 – 91 година и тоа: 5 пациенти од Скопје, од Тетово - 3, од Прилеп, Гостивар и Кавадарци – по 2 починати и по едно починато лице е пријавено од Штип, Велес, Охрид, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово. Сите пријавени се починати во болнички услови.
Регистрирани се 524 оздравени пациенти од:
-Скопје 347
-Прилеп 42
-Куманово 21
-Битола 16
-Тетово 13
-Велес и Гевгелија по 12
-Кочани 10
-Гостивар 9
-Берово 8
-Струмица 6
-Валандово 5
-Крушево 4
-Свети Николе, Кратово, Пробиштип и Пехчево по 3
-Кичево 2
-Кавадарци, Охрид, Крива Паланка, Демир Хисар и Дојран по 1
Досега во земјата се направени вкупно 590.276 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 119.378, бројката на оздравени пациенти е 100.774, на починати е 3.473, а бројот на активни случаи изнесува 15.131.
 
Пишува: Александар Литовски

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани