Анета Блажевска

Анета Блажевска

Општина Битола објави фотографии од завршните активности на ентериерот  и новиот лик на Офицерскиот дом. На фотографиите се гледа дека лустерот е веќе поставен и поврзан, витражот и дограмата комплетно обновени,  како и фасадата и внатрешните ѕидови.   Поставени се и други светлечки тела и нов под. Офицерски го врати стариот сјај. 

Во Битола по втор пат, се одржува меѓународниот натпревар „Пијанофест 2020“, на кој учествуваат 148 натпреварувачи од 19 држави од целиот свет: Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Германија, Италија, Малта, Литванија, Црна Гора, Молдавија, Белорусија, Хрватска, Израел, САД, Романија, Словенија, Јужна Кореа и Косово. 

Министерството за локална самоуправа почнува со подготовка на нова Програма за локален развој и децентрализација,  документ со кој Владата ги определува целите и приоритетите за развој на локалната самоуправа и спроведувањето на процесот на децентрализација, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски. 

Дури половината од автомобилите кои минуваат дневно по улицата Димитар Илиевски Мурато пред Епинал се транзит возила, покажа теренската анализа направена за Сообраќајната студија во Битола. 

„Помалку од 50 проценти од возилата се на резидентни жители на централното подрачје и ја користат таа улична мрежа за да пристапат до дома. Во оние 50 проценти покрај резидентното население спаѓаат и оние кои одат со автомобили на Широк Сокак за изведување на одредени работни задачи, прошетки и слично. Останатите 50 проценти се транзит кои поминуваат низ градот, а целта на патување не им е центарот на градот“, рече Дарко Спасеновски од експертскиот тим на студијата.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани