
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со света богослужба во храмот Св.Атанасиј Велики во Новаци започна одбележувањето на Бадник-ден пред големиот празник Рождество Христово Божиќ.
На овој христијански собир меѓу своите сограѓани присуствуваше градоначалникот Љубе Кузманоски од каде упати честитка до сите православни верници ,граѓани на општина Новаци .
"Во пресрет на празнувањето на Бадник и Божиќ упатувам најискрени честитки до сите православни верници и граѓани на општина Новаци.
Во овие празнични денови Ви посакувам многу здравје,многу радост,успех и благосостојба .
Нека Бадниковата вечер и Божиќ внесат топлина и благодет во секој дом .
Овие празници се уште една можност да се потсетиме на семејните и традиционалните вредности,на потребата да бидеме достојни верници и чесни луѓе,да живееме во мир и благосостојба каде владее почитувањето,меѓусебното разбирање и соработката.Тука сме заедно секогаш како што потврдува традицијата на овие простори, да се гледаме, да славиме заедно, оти овие празнични денови имаат и порака за зближување, прошка, и затоа да посакаме подобро утре за сите
Со Божиќ го славиме раѓањето,како симболика на новиот живот кој значи нов почеток и надеж.
За многу години!
Честит и вековит Бадник !
Честит и благословен големиот христијански празник Божиќ!"
Ви посакувам среќни и весели Божиќни празници!
Христос се роди!
Со почит,
Јасмина Гулевска
градоначалник на Општина Могила
По повод големиот христијански празник, Рождество Христово- Божиќ, ЈП „Стрежево“ до верниците од православната вероисповед упатува честитка со желби за добро здравје, лична среќа, радост и бериќет во семејствата.
По повод големиот христијански празник, Рождество Христово- Божиќ, АД ЕСМ Подружница РЕК Битола, до верниците од православната вероисповед упатува честитка, со желби за добро здравје, лична среќа, радост и бериќет во семејствата.
По повод големиот христијански празник, Рождество Христово- Божиќ, Јавните претпријатија Водовод, Нискоградба и Пазари од Битола, до верниците од православната вероисповед упатуваат честитка, со желби за добро здравје, лична среќа, радост и бериќет во семејствата.
Над илјада деца од Бадниковата поворка денеска прошетаа по Широк Сокак и празнично го обоија градот.
За Коледе Битола како да ја погоди Трета светска војна. Огномет и петарди имаше повеќе отколку за Нова година. Битолчани за коледарската вечер прославија и со богат поротехнички арсенал.
Битолчани не можат без коледарски огнови, тоа го докажаа и годинава. Не е еколошки, не е верски обред, но факт е дека е традиција врежана во колективното однесување со десетици години. Ако се изезмат пијанките, дружбата околу огнот барем е чин на социјализација.
