
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Првото бебе што се роди во Битола во Новата 2020 година е женско. Кога првото новородено е женско се верува дека годината ќе биде плодна и беиќетна! Евгенија се роди спонтано, само пет минути по полноќ.
.
Јавните претпријатија Водовод, Нискоградба и Пазари на своите вработени, граѓаните на Битола и на Република Северна Македонија им посакува среќна Нова година!
НУ Центар за култура од Битола на своите вработени, граѓаните на Битола и на Република Северна Македонија им посакува среќна Нова година!
Јавното претпријатие „Стрежево“ на своите вработени, граѓаните на Битола и на Република Северна Македонија им посакува среќна Нова година!
АД ЕСМ подружница РЕК Битола, на своите вработени, граѓаните на Битола и на Република Северна Македонија им посакува среќна Нова година!
Синдикалната организација на Клиничка болница од Битола заедно со менаџерскиот тим на Болницата организираа детска новогодишна претстава од Народниот Театар- Битола. Тие заедно со Дедо Мраз ги израдуваа најмладите на вработените од Болницата доделувајќи новогодишни пакетчиња.
„Да ја искористиме оваа прилика и од името на менаџерскиот тим на ЈЗУ Клиничка болница Битола да им ја честитаме Новата 2020 година прво на нашите вработени, на нашите пациенти и на сите граѓани на Битола со желби за многу здравје во Новата година, успех и благосостојба“, рече портпаролката на Болницата, Сузана Конеска.
ЈП „Водовод“-Битола подели новогодишни пакетчиња во повеќе установи низ градот.
-Преку нашата општествена одговорност секогаш се трудиме да оставиме свој печат на нашата заедница.За таа цел ЈКП "Водовод" и оваа година подели новогодишни пакетчиња во повеќе установи во нашиот град, велат од ЈП „Водовод“-Битола.

