
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од 1979 година до сега, поточно во изминатите четири децении највисокиот врв на Алпите Монт Блан го искачиле 66 планинари од Битола, а некои од нив и повеќе пати, соопштија од Планинарско спортскиот клуб „Димитар Илиевски“ од Битола.
Двајца чувари ангажирани од Општина Битола ја одржуваат чиста обиколницата над Битола.
Споменикот на Филип Втори во Битола нема да се отстранува туку ќе се обележи дека тоа е споменик од античкиот период, од еленистичкиот период.
Изградбата на колекторскиот систем на Пелистер продолжува, а во оваа фаза се предвидува изградба 5,6 километри од мрежата, додека во следната фаза треба да бидат изградени уште 4 километри, со што комплетно ќе се заокружи колекторот во Потпелистерието, кој ќе ги зафаќа отпадните води од кои сега ги загадуваат пелистерските извори и водотеци. Минатата година за негова изградба беа вложени 6 милиони денари, а за активностите годинава издвоени се 14,5 милиони денари.
Општина Крушево денес го објави тендерот за изградба на спомен обележјето на Тоше Проески. Огласот за јавна набавка за избор на изведувач за изградба на спомен обележјето е објавен на Електронскиот систем на Бирото за јавни набавки.
„Со години не се поместувало ништо за нашиот сограѓанин и поп икона, но еве денес, благодарение на владата, го објавуваме тендерот за изградба на вечното почивалиште со што конечно ќе почнеме да го градиме гробното место на Тоше. Конечно нашиот Тоше ќе има достоинствено спомен обележје.“, изјави градоначалникот Томе Христоски.
Битолчанки носеле елегантни венчални фустани и превези на свадбените церемонии уште кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Ова го вели познатиот битолски фотограф Петар Ставрев кој пред неколку години на Локум фест ја постави изложбата „Битолски свадби“. Тогаш имаше можност да избере фотографии од богатиот опус на Милтон Манаки.
Рано утрово околу 4 часот горел автомобил „рено меган“ паркиран на тротоарот на улицата „Благојче Силјановски“, поранешна „Максим Горки“. Врз опожарениот автомобил интервенирала против пожарната единица од Битола. Засега не се познати причините за опожарувањето на возилото.

Поради високите температури и зголемената потрошувачка на вода се известуваат граѓаните на Општина Битола рационално да ја користат водата.
ЈКП "Водовод" во наредниот период ќе врши дополнителни контроли за утврдување на евентуална злоупотреба од енормна потрошувачка на вода за пиење од страна на несовесни потрошувачи.
Здружението на пезнионери од Битола заедно со Здружението на инвалитски пензионери и инвалиди на трудот од Битола ја завршија реконструкцијата на влезните скали кои водат кон просториите на Здруженијата. Новиот влез сега е пофукционален, има и пристапна рампа, па на пензионерите им се создадоа услови за непречено и побезбедно вршење на обврските и комуникација со Здруженијата.

