2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, на  ФБ објави видео од идејното решение за изгледот на  вечното почивалиште на македонската поп икона Тоше Проески. Станува збор за спомен обележје за чија изградба пред  една недела е распишан тендер. 

„Рацете при молитва се отсликуваат во архитектурата“, пишува  на една фотографија од Тоше поместена во видеото

 Платите на вработените во основното, средното и високото образование ќе се зголемат  за 5% почнувајќи од исплатата за септември 2019 година.

На општините им е потребно целосно реорганизирање, бидејќи вака само се трупаат административци, порача денеска  министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

Среда  (21 август) во Центарот за култура во Битола со почеток во 20 часот ќе се одржи манифестацијата „Незаборав“ која по деветти пат ја организира битолскиот продуцент Панде Димитровски. Оваа година „Незаборав“ ќе биде посветен на фестивалските фолк рефрени создадени и испеани од битолчани на Фолк фест Валандово во периодот од 1985 до 2000 година. На концертот ќе настапат групите „Калабалак“ и „Боеми“, хармоникашот Кирил Стојчевски и солистите Зоран Маневски, Билјана Дамјановска Јанчевска, Сефедин Бајрамов, Бојан Стојков, Елена Тодосиеска и Тамара Стојковска. Водител и годинава ќе биде Силвана Петрова Насух.   

Претходните години „Незаборав“ беше посветен на: Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бавтировски, Љупчо Спасеновски (Буба Мара), Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков и „Битолските конзули“. 

 Влезот  е слободен.

Започна санација на паркинг просторот кај Спортската сала „Боро Чурлевски“ -Битола, што ја  изведуваат екипи на КЈП Нискоградба Битола.

-Решаваме уште еден долгогодишен проблем во Битола, велат од ЈКП Нискоградба.

Од Општина Битола информираат дека се санираат  ударните дупки на паркингот кај Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, а екипите  на „Нискоградба“ деновиве ќе ги асфалтираат оштетените делови од просторот кој е во рамките на  паркинг зоната на новото јавно претпријатие за паркинзи.  

 

нас 1

Хеликоптер денеска после пладне ја налетуваше Битолската тврдина- Џепането и ридот над поранешната битолска касарна.

Современо противпожарно возило и 10 интервентни комплети за ТППЕ Прилеп се набавени преку проектот: "Јакнење на капацитетите на територијалните противпожарни единици во Пелагонискиот регион" за противпожарната единица во Прилеп. Овој проект  Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го имплементира во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа за 2018 година.

Гого Видимче директор на Центарот за развој на Пелагонискиот регион вели дека со проекти се работи на унапредување на рамномерниот развој на општините во Пелагонија.

-Продолжуваме со зајакнување на капацитетите на територијалните противпожарни единици во Пелагонискиот регион.Вкупната вредност на проектните активности за Општина Прилеп изнесува 5.681.244 денари  од кои 3.180.000 денари  се кофинансирање на Општина Прилеп, вели Видимче.

гого

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 19 август, во 1921 година во селото Раково, Леринско, Егејски дел на Македонија бил роден Трајче ГРУЈОСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Маж на 27 години  починал на лице место откако сечејќи дрва, едно паднало врз неговата глава.

-На 18.08.2019 во 15,40 часот во Полициската станица Ресен од Итната медицинска помош било пријавено дека во с.Брајчино, при сеча на дрва едно дрво го удрило во пределот на главата И.С.(27) од Скопје. Од страна на лекар констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани