2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

„Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во општина Битола и тоа како има концепт и решение за паркирањето во градот’, возврати Зоран Дојчиновски, директор на Јавното претпријатие по денешните обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ дека власта немала концепт како да го реши паркирањето во Битола.

„Не е точно дека цената на паркинг услугите се зголемува. Имено, за првите два часа цената на паркинг услугата во централното градско подрачје (зона А) изнесува 30 денари, додека за секој следен час до крајот на паркинг сесијата цената изнесува 25 денари за час, што е за 5 денари пониска цена од предходната“, стои во реакцијата на Дојчиновски.

Викендов Битола беше раздвижена и живописна за што придонесоа и активностите на младите учесници од меѓународниот младински камп „Патоказ кон помируваењето“ кој по четврти пат се одддржува во Битола. Во кампот учествуваат младинци од Израел, Германија и Македонија.

„Ветувањата со кои се рафрлаше сегашната власт пред две години преминаа во буквален хаос во однос на паркирањето во градот. Иако ветуваа со полна уста , а досегашниот концепт за јавно-приватно партнерство страшно го критикуваа, сега се виде дека се било само голема манипулација. Ни кога ветуваа, ни сега немаат концепт и решение за проблемот со јавното паркирање“, обвини на прес конференција Стефан Димовски, потретседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

Исто така рече дека голи пароли се тврдењата оти паркинг услугите поевтинуваат. „Ако се земе статистиката дека најмногу битолчани во просек ги користат за два часа, со сегашните цени ќе плаќаат и поскап паркинг“, рече Димовски. Додаде дека неизвесна е судбината на новото јавно претпријатие, а извесна е само онаа на вработените кои останаа на улица. 

„Поделени се околу 1000 картички на земјоделците од Пелагонија за користење на зелена нафта. Со оваа мерка земјоделците ќе набават нафта за 30 проценти поевтина, која во овој момент е повеќе од потребна за прибирање на плодовите , но и за обработка на земјиштето, па задоволството кај земјоделците е големо бидејќи се намалува цената на самото производство, а со тоа и земјоделскте производи ќе бидат поконкуретни и на крајот се враќаат пари директно кај земјоделците што досега се нема случено“, рече на денешната прес конференција Менде Трајковски портпарол на Општинската организација на СДСМ од Новаци.

ЈКП Нискоградба им соопштува на граѓаните во општина Битола дека поради изведување на градежни работи на улицата „Мордо Нахмијас Лазо“ , на потегот од раскрсницата со улицата „Димитар Тодоровски “ до патчето за манастирот „Света Ана“ , улицата ќе биде затворена за сообраќај  во периодот од 7, оо до 15, оо часот ,во наредните неколку денови се до завршување на работите. 

За време на изведувањето на работите ќе има прекин во снабдувањето со вода, а сообраќајот ќе се регулира според воспоставениот режим.

Се молат граѓаните да се придржуваат кон ова соопштение.

ЈКП Нискоградба

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 13 и 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени.

Во Пелагонискиот Регион температурата ќе се искачи до 37 степени.

68529395 410319336268985 6448910420194361344 n

Во Скопје сончево и многу топло време, со температура до 39 степени.

До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со натпросечни температури на воздухот. Ќе биде активирано жолто, а за некои региони портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење.

Во среда попладне и во четврток ќе има зголемување на облачноста проследена со локален пороен дожд и грмежи. Од четврток ќе има и намалување на температурата, најпрво во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава.

Битолскиот велосипедист Јовче Даскаловски од клубот „Екстрим бајк тим Битола“ на Државниот шампионат во спуст во Грција успеа да победи во дисциплината сингл краун.

Жетвата на пченица е на самиот крај, ожниени се близу 68 илјади хектари со лебно жито. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски денска беше меѓу земјоделците во пелагониското село Гермијан каде на средба со земјоделците се разговараше за жетвата, цената и условите за откуп.

-Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски денеска го посети  селото Гермијан придружуван од раководителот на подрачната единица на МЗШВ во Битола Методија Илиевски  Директорот на АФПЗРР Николче Бабовски, Градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски.
Во фокусот на оваа посета беше ставена жетвата која се наоѓа во завршна фаза.
67807489 710002589460276 5531068427206131712 nГодинава според последните податоци вкупно се ожниени 67.833 хектари или 92% о вкупната жетвена површина која изнесува 73.479 хектари, информираат од Министерството за земјоделство.

Тура со мотори низ улиците на Битола, а голем дел од моторџиите немаа соодветна опрема, односно не носеа кациги, иако колоната и на почетокот и на крајот ја обезбедуваше полиција.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани