
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Мрша од коњ е оставена на ливада на стариот пат од Брусник кон село Дихово. Утробата е рaстргната, најверојатно од кучиња скитници. Граѓани вознемирени од глетката велат дека никој деновиве не се потрудил да ја отстрани мршата или закопа. Во исто време на ливадата пасат неколку коњи. Фотографиите ни ги испратија револтирани граѓани и бараат реакција од надлежните, да се казни тој што го оставил псовисаниот коњ во оваа состојба. Фото АПЛА.мк
ВАКА СЕ САКА ПЕЛИСТЕР!!! НОВА ПЛАНИНСКА ПАТЕКА НА ПЕЛИСТЕР за сите љубители на планината и природата. Во рамки на работниот викенд, вработените од НП Пелистер во соработка со Extreme Bike Team Bitola работеа на целосно уредување на планинската патека која води од Цапарска пресека преку Горна скала, Лоша стена па се до с.Цапари. Лоша стена е еден да најлесно достапните природни видиковци кои ги има НП Пелистер. Се наоѓа на околу 1220 мнв југоисточно од с.Цапари и сега е веќе лесно достапна локација за сите посетители. Паралелно овој викенд работиме и на целосно уредување на кружната вело и пешачка патека со вкупна должина од 16km, која ќе почнува од Инфоцентар, Цапарска пресека, Цапарски вир, Ротинско езеро, Голема и Мала ливада и назад до Инфоцентар.
Битолската лекарка Соња Коцарева- Трпезановска како внука на докторот со светско реноме д-р Анастас Коцарев го прими постхумно одликувањето Анастас Коцарев со Орден „Илинден – 1903 година“ за неговиот исклучителен придонес во афирмирањето на идејата, заложбата и борбата за признавање на самобитноста на македонскиот народ.


Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков објави- "Ми претставува чест што денес присуствував на свеченостите организирани во чест на нашиот сограѓанин, докторот со светско реноме, д-р Анастас Коцарев.

"Конечно му се оддава почит во неговиот роден град. Се надеваме дека неговото дело ќе биде трајно зачувано и чествувано" истакна д-р Соња Коцарева- Трпезановска .

Текст Анета Блажевска
СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.И.(53) и М.А.Н.(61), двете од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „злоупотреба на службената положба и овластување“. Првопријавената, во својство на директор на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“, а потоа и медицински директор во Министерство за здравство и второпријавената, во својство на раководител на Оддел за интерни болести при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“, ги пречекориле границите на своите овластувања со намера за себе и за друг да прибават противправна имотна корист. Во периодот од ноември 2023 до јуни 2024 година, пријавените потпишале листи за исплата на прекувремени часови работа на 12 вработени доктори од Одделот за интерни болести за извршени прегледи и визита на пациенти од Одделението за урологија и Одделението за физикална медицина и рехабилитација, спротивно на одлука на управниот одбор.
На тој начин пријавените овозможиле неоснована исплата на надоместок за прекувремени часови работа во износ од 494.933 денари и го оштетиле буџетот на државата.
