2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

На Педагошкиот факултет во Битола нема настава во зима бидејќи нема парно, рече студентот Александар Николовски на денешната прес-конференција во свечената сала на Владата, објaви СДК.мк . Темата на прес-конференцијата беше Предлог-законот за високо образование, а говори држеа премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска, како и шестмината ректори на универзитетите во земјава.  По завршувањето на официјалниот дел, само Николовски се пријави за коментар, претставувајќи се дека е дел од Координативното тело за реформи во високото образование и досегашен претседавач на Националното студентско тело и претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ. Николовски наведе неколку примери за диспропорција во инвестициите, како на пример за ​Универзитетот „Мајка Тереза“, Владата вложува 42 милиони евра за универзитет со околу 2.000 студенти.

„Инвестицијата за зградите на  ​Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичка култура од 2015 изнесува околу 20 милиони евра за 6.000 студенти. ​За УКИМ (2025), капиталните инвестиции изнесуваат само 245.000 евра за 23.000 студенти. ​Државен универзитет во Тетово  добива 100.000 евра инвестиции за 7.000 студенти. Поентата ми е дека треба да се внимава со финансирањето“, рече тој. Целиот текст на https://sdk

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе присуствува на заеднички состанок со регионалните комори од Битола и Прилеп. 

На состанокот ќе се разговара за реализација на инфраструктурните проекти во Пелагонискиот Регион, најави Министерството за транспорт.

ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО "УЛОВИЈА"  ВИДЕОКАМЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР! Домот на Моликата е природно живеалиште на голем број диви животни. Тие си имаат свои патеки на движење, свои терени и територии каде егзистираат. Секој вид е подеднакво важен и дава свој допринос за стабилност на екосистемите во НП Пелистер. Ова е само дел од видео мониторингот кој во моментов се спроведува на 40 локации низ паркот, инаформира Иванчо Тошевски директор на НП Пелистер за АПЛА. https://www.facebook.com/share/v/1EkXbXw5AQ/

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 54-годишник, подолг временски период, во текот на 2025 и 2026 година, во семејната викенд куќа во селото Облаково прикажувал порнографски содржини и се самозадоволувал пред неговиот 10-годишен син, при што го наведувал и детето да гледа и да се самозадоволува.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

КОНСТИТУИРАН ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

 
Општинскиот совет за социјална заштита на Општина Битола одржа конститутивна седница, со што започнува работата на третиот состав на Советот, во насока на зајакнување на локалниот систем на социјална поддршка.
 
На седницата, за претседавач беше избрана  советничката во Советот на Општина Битола Марина Крстиќ, за заменик претседавач советничката во Советот на Општина Битола Софија Ристевска-Петрушева, додека за секретар беше избрана Симона Јовеска, советник за социјални услуги за ранливи групи во општина Битола.
 
Во фокусот на дискусијата беше улогата на Советот како координативно тело кое ги обединува институциите, граѓанските организации и локалната самоуправа во креирање ефективни решенија за ранливите категории граѓани.
Членовите се осврнаа на актуелните состојби на локално ниво, при што беа идентификувани клучни предизвици поврзани со достапноста на услугите, потребата од проширување на опфатот на социјалните сервиси и унапредување на квалитетот на поддршката.
 
Во таа насока, беше истакната неопходноста од развој на нови и иновативни социјални услуги, како и подобро искористување на постојните ресурси, преку меѓусекторска соработка и партнерства.
Советот ќе се фокусира на конкретни мерки насочени кон подобрување на положбата на лицата со попреченост, децата и младите во ризик, старите лица и семејствата во социјален ризик, со посебен акцент на пристапност, инклузија и рана поддршка.
 
Дополнително, беше нагласена важноста од континуирано следење на состојбите на терен и креирање политики базирани на реални податоци и потреби, наместо ад-хок пристапи.
Општинскиот совет за социјална заштита ќе делува како платформа за дијалог, координација и иницирање на решенија, со цел градење поотпорен и инклузивен локален систем.
Општина Битола останува посветена на унапредување на социјалната сигурност и достоинството на секој граѓанин, преку политики што се насочени кон човекот и неговите реални потреби.
 
Социјалната заштита не смее да биде формалност, туку функционален систем што дава реална поддршка таму каде што е најпотребна.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани