2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Товарно комбе се зали на Плетвар околу 17 часот. Колони возила се движат забавено на пат од Прилеп за Скопје, велат возачи за Апла.мк  received 837433256066028

ВАНДАЛИ ЈА ОПОЖАРИЈА И ОШТЕТИЈА ЗГРАДАТА НА МЕДИЦИНСКОТО УЧИЛИШТЕ ВО БИТОЛА!!!

 
За време на празничните неработни денови, на 11 април во 1 часот и 30 минути по полноќ бил извршен вандалски чин со палење на контејнерите во дворот на училиштето, при што пожарот се проширил и предизвикал оштетување на фасадата на задниот дел на објектот.
 
-Благодарение на навремената интервенција на надлежните служби од противпожарната единица и Министерството за внатрешни работи, пожарот беше локализиран и спречени се поголеми последици. Случајот е пријавен и во тек е постапка за откривање и санкционирање на сторителите.
 
Остро го осудуваме овој чин на уништување на јавен имот и апелираме до надлежните институции за брза и ефикасна разрешница. Училиштето ќе ги преземе сите потребни мерки за целосна санација на штетата и дополнително зајакнување на безбедноста.
 
Нема да толерираме вакви постапки, соопштија од Медицинското училиште во Битола.

Христијан Ристески, лауреат на Jazz Factory: европски џез звук, интимно во UTOPIA

 
Jazz Factory Festival и оваа година ја потврдува својата улога како платформа што ја следи и развива современата џез сцена, со фокус на автори кои ја движат напред.
 
Годинашниот лауреат на наградата „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез-музичар за 2025 година е саксофонистот Христијан Ристески, музичар кој живее и работи во Австрија и се издвојува со својот јасен и современ израз.
 
Наградата, која веќе неколку години се доделува во рамки на фестивалот, од оваа година добива дополнително зајакнување преку партнерството со Синпекс, како поддршка за нејзиниот понатамошен развој. Визуелниот идентитет на наградата, вклучувајќи ја и нејзината форма, е дело на Ања Ристевска.
 
Фестивалската програма околу лауреатот оваа година се проширува и во UTOPIA, како простор за поблиска и поинтимна комуникација со публиката.
 
Во среда, 15 април, со почеток во 19:00 часот ќе се одржи прес-конференција за медиумите, по што во 20:00 часот следи промоција на книгата „Walking on Masochism“ од Иван Благојевиќ. Messenger creation 6FCD1C7F 01B1 428E 9480 8559572ADA81
 
Вечерта ќе биде заокружена со интимен концерт на Hristijan Risteski Quartet, со почеток во 21:00 часот, во формат што ја доближува музиката до публиката.
 
Свеченото врачување на наградата „Гоце Димитровски“ ќе се одржи на 17 април во 20:00 часот, во НУ Народен театар Битола, како дел од официјалната програма на Jazz Factory Festival.
 
Во изминатите години, наградата ја добија музичари кои денес ја обликуваат современата сцена: Александар Ванчовски, Филип Динев, Александар Бошков, Јован Цветковиќ, Давид Скерлевски и Теодор Јаневски – имиња што ја поставуваат јасната линија во која годинава се впишува и Христијан Ристески.
 
„Фестивалот расте со сцената и за сцената. За нас е важно да создадеме простор во кој младите автори ќе бидат слушнати и на голема сцена и во поблиски формати,“ изјави Сашо Поповски, основач и директор на Jazz Factory Festival.
 
„Културата не е трошок, туку инвестиција во вредности што остануваат. Поддршката на вакви настани значи создавање услови сцената да се развива и да добива континуитет,“ изјави Христина Фуна од Синпекс/UTOPIA.
 
Во оваа соработка, важна улога има и личната поврзаност со џезот – Синиша Петровиќ, еден од основачите на Синпекс, е долгогодишен љубител на џез музиката и посетител на концерти ширум светот, што придонесе за природното поврзување меѓу фестивалот, Синпекс и UTOPIA како дел од програмата.
 
Со ова издание, Jazz Factory Festival продолжува да ја развива својата структура комбинирајќи голема сцена со формати што ја доближуваат музиката до публиката.

УШТЕ ЕДЕН МЕЃУНАРОДЕН фУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР ВО БИТОЛА, УТРЕ МАКЕДОНИЈА ПРОТИВ УНГАРИЈА

 
Следуваат денови на женскиот фудбал и националната репрезентација. Пред нас е двомеч меѓу Македонија и Унгарија, а Битола и стадионот „Петар Милошевски“ пак ќе бидат дом на нашите најдобри фудбалерки. Како минатиот месец против Андора очекуваме голема поддршка, позитивни вибрации и победа.
 
Првиот меч против Унгарија е на 14 април во 16:00 часот во Битола на стадионот „Петар Милошевски“. Влезот е слободен.
 
Реваншот е четири дена подоцна во Унгарија.

ПРЕМИН 26, ПОВЕЌЕ ОД МУЗИЧКО ДОЖИВУВАЊЕ

 
„Проект кој ја бриши границата меѓу жанровите. Звукот, светлината и тишината се испреплетуваа во искуство што не се слуша само со уши, туку се прима со срце“, велат организаторите на настанот.
 
Ова е здружен проект на Културен и информативен центар Битола со НУ Народен театар Битола, НУ Центар за култура, со поддршка на Општина Битола и манифестира организациски и продукциски капацитети на културните установи во Битола.
 
Музички проект на Оливер Јосифовски
Учесници:
Оливер Јосифовски
Вера Милошевска
Димитар Андоновски
Православен хор Св. Ангел Битолски
Давор Јордановски, Михајло Михајловски, Христијан Јаневски, Андреј Трајковски, Александар Секуловски, Ристо Крстевски
*Билетите се бесплатни, со претходна резервација на: 075 783 124
 
Ќе се одржи в понеделник на 13-ти април, на големата сцена на Народниот театар Битола со почеток од 20:00 часот.

ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ

 
Драги мои сограѓани, драги пријатели, христијани,
 
На овој голем празник, празникот над празниците со најискрени желби за добро здравје, радост и среќа, Ви го честитам Велигден и Ви посакувам убави празнични денови исполнети со слога и радост во Вашите семејства.
 
Го празнуваме празникот кој ја докажува победата на силата на љубовта, надежта, доброто над злото, животот над смртта.
На овој ден да се потсетиме на најголемите вредности кои треба да не обединуваат: добрината, хуманоста, чесноста. Меѓусебно да се почитуваме, да ја негуваме традицијата и да создаваме убави нешта за нас и за генерациите кои доаѓаат после нас.
 
Да го славиме најголемиот православен празник Воскресението Христово и да се обидеме секој ден со добрина да го исполниме.
 
Христос Воскресна!
Навистина Воскресна!

ИЗВЕСТУВАЊЕ  на Општина Битола 

 
Општина Битола ја информира јавноста дека денес се реализираше постапката на јавно наддавање за издавање на површини за поставување на урбана опрема.
 
Процесот се одвиваше во целосно транспарентна постапка, со значителен интерес од страна на закупците, кои активно учествуваа во наддавањето. Почетната цена за закуп изнесуваше 4.000 и 5.000 денари, а во текот на наддавањето самите учесници меѓусебно ги зголемуваа понудите, со што беа постигнати повисоки износи од првично утврдените.
 
Овој резултат е уште една потврда дека јавните и транспарентни постапки создаваат услови за фер конкуренција и овозможуваат остварување на поголеми приходи во буџетот, што директно придонесува за подобрување на услугите и проектите во интерес на граѓаните.
 
Општина Битола останува посветена на спроведување на законски, транспарентни и отчетни постапки, со што се обезбедува еднаков пристап за сите заинтересирани страни и се гарантира заштита на јавниот интерес.
 
Во интерес на јавноста после завршувањето на јавното наддавање ова се постигнатите цени по локации и нивните закупци со највисоките понудени цени.
 
Локации во должина на градското шеталиште:
 
Локација број 1: Благој Бакулев со понудена највисока цена од 205.500 денари. 
Второ рангирана понуда од КОНЗУЛ КАФЕ - 150.000 денари. 
Трето рангирана понуда Драган Мицевски 120.000 денари. 
Четврто рангирана понуда ТРИЦИКЛО КАФЕ - 80.000 денари.
 
Локација број 2: Драган Мицевски со понудата највисока цена од 265.000 денари. 
Второ рангирана понуда од Благој Бакулев 185.000 денари. 
Трето рангирана понуда од ТРИЦИКЛО КАФЕ 150.000 денари. 
Четврто рангирана понуда од КОНЗУЛ КАФЕ од 135.000 денари
 
Локација број 3: Драган Мицевски со највисока понуда цена од 300.000 денари 
Второ рангирана понуда од Благој Бакулев 160.000 денари. 
Трето рангирана понуда од КОНЗУЛ КАФЕ  110.000 денари. 
Четврто рангирана понуда од ТРИЦИКЛО КАФЕ од 109.600 денари
Петто рангирана понуда од ВЕЉО НУЛАТРИ од 6.500 денари.
 
Локација број 4: ТРИЦИКЛО КАФЕ со понудена највисока цена од 71.000 денари
Второ рангирана понуда од СПОРТ БАЛ ПУЛ 25.000 денари. 
Трето рангирана понуда од КОНЗУЛ КАФЕ  23.500 денари. 
Четврто рангирана понуда од ВЕЉО НУЛАТРИ од 22.000 денари
Петто рангирана понуда од Николче Масалковски од 16.000 денари.
 
Локација број 5: ТРИЦИКЛО КАФЕ со понудена највисока цена од 100.001 денари
Второ рангирана понуда од ВЕЉО НУЛАТРИ  40.000 денари. 
Трето рангирана понуда од СПОРТ БАЛ ПУЛ  30.500 денари. 
Четврто рангирана понуда од КОНЗУЛ КАФЕ од 10.500 денари
 
Локација број 6: СТОРМ БАЛ ПУЛ со понудена највисока цена од 33.300 денари
Второ рангирана понуда од ТРИЦИКЛО КАФЕ 16.000 денари. 
Трето рангирана понуда од АМЕРИКО ДОГС  9.501 денари. 
Четврто рангирана понуда од КОНЗУЛ КАФЕ од 9.000 денари
 
Локација број 7: ТРИЦИКЛО КАФЕ со понудена највисока цена од 5.500 денари
Второ рангирана понуда од КОНЗУЛ КАФЕ 5.000 денари. 
 
Локација број 8: Е-СМАРТ ТЕХНОЛОГИЈА со понудена највисока цена од 5.500 денари
Второ рангирана понуда од ТРИЦИКЛО КАФЕ 5.000 денари. 
 
Локација број 9: ПАЛАШ ПРОМ со понудена највисока цена од 20.000 денари
Второ рангирана понуда од БМБ МАРИН од 8.000 денари. 
 
Локација број 10: ПАЛАШ ПРОМ со понудена највисока цена од 5.500 денари
Второ рангирана понуда од ТРИЦИКЛО КАФЕ 5.000 денари. 
Трето рангирана понуда од Е-СМАРТ ТЕХНОЛОГИЈА 5.000 денари. 
 
Локација број 11: ТРИЦИКЛО КАФЕ со понудена највисока цена од 11.000 денари
Второ рангирана понуда од БМБ МАРИН од 8.000 денари.
Трето рангирана понуда од Ашим Маликовски 5.500 денари. 
 
Локација број 12: ТРИЦИКЛО КАФЕ со понудена највисока цена од 5.500 денари
 
Локација број 13: АМЕРИКО ДОГС со понудена највисока цена од 5.500 денари
 
Локација број 14: БМБ МАРИН со понудена цена од 8.000 денари
Второ рангирана понуда од Ана Кочановски - 7.000 денари
Трето рангирана понуда од ТРИЦИКЛО КАФЕ - 5.000 денари.
 
Локации до детскиот парк покрај оградата:
Локација број 1: КОНЗУЛ КАФЕ - 6.000 денари
Локација број 2: КОНЗУЛ КАФЕ - 6.000 денари
Локација број 3: ТРИЦИКЛО КАФЕ - 4.400 денари
Локација број 4: ТРИЦИКЛО КАФЕ - 4.400 денари
Локација број 5: Ана Кочановски - 4.400 денари

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани