2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

СВР Битола информира - 11.03.2026 во 12:41 часот на ул.„Довлеџик“ во Битола,  полициски службеници од СВР Битола го лишиja од слобода А.П.(40) од с.Лавци, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле товарно возило „ман“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.П., при што е констатирано дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ПАТOT ДО МАНАСТИРОТ „СВ. МЕРКУРИЈ“ ВО СЕЛО БАРЕШАНИ
Започна да се реализира уште еден проект од вториот владин повик на кој Општина Битола имаше најголем брод одобрени проекти.
Градежната механизација ја започна изградбата на пат до манастирот „Св. Меркуриј“ во селото Барешани, а увид во работите направи градоначалникот на Битола Тони Коњановски со одговорните лица за проектот.
Должината е 580 метри, а ширината на патот 3 метри, плус банкини.
По поставувањето на тампон со дебелина од 25 см, ќе следи и асфалтирање.
Асфалтниот слој ќе биде со дебелина од 7 см, а асфалтната вкупна површина 2029 м2.
Вредноста на овој проек е 5.421.038 денари и средствата се преку Министерството за транспорт.
И овој проект е потврда на заложбите на локалната самоуправа за подобрување на состојбите и во руралните средини.

Екипите на ЈКП „Водовод“ – Битола започнаа со подготовките за повторно ставање во функција на фонтаната кај Саат кулата, која е едно од препознатливите места во централното градско подрачје.

-Покрај редовните активности на терен, екипите на ЈКП "Водовод" - Битола, денес започнаа со подготовките за повторно пуштање во работа на фонтаната кај Саат Кулата.

Во наредниот период, по завршување на сите технички подготовки, фонтаната повторно ќе биде ставена во функција, објавија од Водовод Битола.

Петар Богојески лидер на Македонски Концепт го стокми новиот Општински комитет во Битола.

 
Општинскиот комитет на Македонски Концепт (ОК на МК) во Битола со ново раководство. За координатор е избран Марјан Неделкоски, приватен стопанственик.
Заменик координатор е избрана д-р Јасмина Димитровска Босилкова, доаѓа од банкарски сектор.
Илија Митревски, долгогодишен активист и еден од основачите на партијата Македински Концепт е избран за секретар на ОК Битола.   
Тој е техничар за транспорт и шпедиција.
 
На координативниот состанок присуствуваше и претседателот на партијата д-р Петар Богојески, универзитетски професор и политички активист. Во неговото излагање го истакна значењето на Битола за македонството и визијата на Македонски Концепт за општината и генерално за преспанско - пелагонискиот крај. Координаторот Неделкоски истакна нескрена мотивиранист за локален настап и развој на партиската структура во градот и околните општини. Заменик координаторот Босилкова во своето излагање изнесе дел од локалната програма за економски и институционален развој на Битола и грижа за огромното иселување на населението, особено младите лица. 
 
Политичката партија Македонски Концепт, која е дел од владината коалиција Твоја Македонија и на последните локални избори беше дел од партиите кои дадоа поддршка за избор на актуелната локална самоуправа во Битола, започна со реизбор на партиските тела низ цела држава. Тие најавија и критичен однос кон слабостите кои е неопходно да се надминат, со цел да не се повтори разочарување на граѓаните во политиките на управување со општината и државата, се вели во соопштението од Македонски концепт 
 
 

 Бесплатен Wi-Fi во срцето на Битола, објави Бојан Бојкоски претседател на Советот на Општина Битола 

 
-Во април 2025 година, како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ, предложивме и поддржавме одлука за учество на Општина Битола во проектот „EU4Digital – WiFi4WB“.
 
Иницијативата беше прифатена, апликациониот формулар беше изработен од ИТ секторот на Општина Битола и доставен до донаторот.
 
Денес резултатите се видливи на терен: на површина од 5.000 м² во Стариот градски пазар е обезбеден бесплатен јавен интернет за граѓаните, посетителите и трговците.
 
Ова е уште еден мал, но значаен чекор кон модерна, дигитална и отворена Битола, каде проектите не остануваат на хартија, туку се реализираат во корист на граѓаните.
 
Продолжуваме одговорно, со конкретни решенија и видливи резултати.
 
Упатуваме голема благодарност до донаторот за поддршката и довербата, објави Бојкоски. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани