Анета Блажевска

Анета Блажевска

Сообраќајниот метеж низ Битола станува секојдневие, а посебно се интензивира претпразнично. Насекаде се чувства гужвата, најмногу на сообраќајниците во централното градско подрачје, но она што посебно се забележува е застојот на новиот кружен тек кај Ветеринарно. 

Свирежи, нервозни возачи и колони по улицата „Едварад Кардељ“ од семафорите на костосницата Бела Чешма до новиот кружен тек се секојдневна појава

Доцна синоќа советничкото мнозинство изгласа промена на претседателите на шест комисии на Советот на Општина Битола. На местото на советниците од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ,  изгласани се претседатели од Коалицијата на СДСМ и од редовите на Поинаку.

На челното место на Комисијата за спорт и млади на кое беше Зоран Петковски, сега е назначен Борче Корлевски од СДСМ. На местото на Бојан Бојковски во Комисијата јавни и комунални дејности поставена е Мирјана Захариевска-Ралевска од СДСМ. За претседател на Комисијата за економски развој доаѓа Елизабета Тодоровска од Демократскиот сојуз на Власите, на местото на Лидија Павловска. На Комисијата за јавни дејности Јадранка Павловска од СДСМ наместо Марица Тодоровска, на Комисијата за урбанизам и заштита на животната средина Жаклина Наумовска од СДСМ на местото на Ѓорги Ѓоргиевски. Промени има и во Комисијата за туризам која наместо Бојан Бојкоски во следниот период ќе ја води Иван Чулакоски од Поинаку.

Со ова за првпат Комисиите за јавно и комунални дејности и урбанизам ќе ги водат жени. 

Ж.З.

До доцна во ноќта Советот на Општина Битола распраше по предлозите за покачување на цената на водата за пиење за периодот од 2024 до 2026 година, но советничкото мнозинство гласаше против. Да не дојре до поскапување на цената гласаа советниците од СДСМ со колалицоните партнери, Поинаку и Левица, а ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано.

Од Советот беше побарано да донесе одлука за поскапување на водата за пиење за 6,9 денари за домаќинствата и 5,2 денари за претпријатијата за 2024 година. Според тоа, домаќинствата наместо 31,78 денари за кубик вода ќе требаше да плаќаат 38,71 денар, а фирмите од 52,80 на 58,07 денари. Покачувањето на цената во 2025 и 2026 година ќе беше помало и ќе се движеше од 0,9 дени до еден денар за метар кубен вода.

-Кога неправдата и партизацијата стануваат правила на однесување , отпорот станува должност. Токму заради тој ОТПОР, денес од оние кои така се однесуваат беше побарано мое разрешување од позицијата Претседател на Совет на Општина Битола, напиша на ФБ претседателката на Советот, Габриела Илиевска

Истите тие Најпрво ќе Ве залажуваат, после тоа ќе се обидат да Ве купат и поткупат, а на крајот ќе глумат дека Ве игнорираат. Можите да ме игнорирате мене, ама НЕ и граѓаните кои го поддржале ПОИНАКУ. Две години сум мета на секаково насилство, две години сум мета на лажни вести, две години цело мое семејство е цел на секакви напади.Сепак нема да ви помини. До последно Алмир, Иван и Јас ќе сме браникот против работењето спротивно на потребите на Битолчани, па затоа на таквиот пат кој сака можи да е со нас или против нас, напиша Илиевска

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани