Анета Блажевска

Анета Блажевска

Заменик шефот на мисијата во Амбасадата на САДЕрик Мејер и проектниот експерт на УСАИД, Маргарета Липковска Атанасов, денес ја посетија општина Битола, каде имаа средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и секретарот, Борче Димитровски.

Денеска родителите на учениците од подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ во населбата Стрелиште, по одржаниот родителски состанок, реагираа за проблемот со парното греење.

Афоризми

„Едни се маскираат вака, други така, а политичарите со стискање рака.“

„Престанаа да ги почитуваат, кога видоа дека само им ветуваат.“

„Што оти имаме експерти разни, кога фабриките пак ни осатанаа празни.“

„Бели Мисли и размисли (афоризми)“, Битола, 2000 година.

Хумореска

ШТРАЈК

Секогаш кога ќе имаше потреба од некое синдикално прашање, обично се поставуваше на крајот кога ќе се исцрпеше дневниот ред на наставничкиот совет. Ке станеше синдикалецот, како што го викавме претседателот и ќе ни кажеше дека има едно прашање по синдикална линија. Барем да беа тоа некои салам линии. Повеќето од нив беа обични црти, од оние за прецртување. А какви конференции порано се држеле, по не знам колку точки и запирки на дневниот ред. Дискусиите бескрајни, а сепак плодни, цела тетратка со тесни и широки записничарот да изнапиши.

Затоа пред некој ден кога ни беше соопштено дека ќе имаме синдикална конференција, колку што се изненадивме толку и се израдувавме. Ќе си се потсетиме на старите времиња кога си имавме синдикат и со кикири што не снабдуваше за поевтина цена и на рати.

На конференцијата кој дојде, кој не дојде, оти не е ни задолжителна, а не се бараше ни кворум. Не носевме некоја одлука. Одлуката си беше претходно веќе донесена од повисоките органи. Затоа претседателката што ја избравме оломлани и тоа по вторпат, колку да се види дека и ние ги почитуваме женските права за рамноправност, ја започна конференцијата запознавајќи нè дека и ние ќе треба да се вклучиме во утрешниот предупредувачки генерален штрајк како израз на незадоволството од економско-социјалната состојба. Ни ги прочита и барањата веќе изготвени од Советот на Сојузот. Убави, сеопфатни, ама некако многу општи. Нема никаде на пример дека бараме платите во рок од девет дена да ни се зголемат за точно деведесет и девет насто. Или како втор пример дека во рок од тринаесет дена да ни се даде и тринаесетта плата и така навака.

Како и да е, за да не и скршиме атер на синдикалката, решивме да си ја поддржиме. Се собравме утредента на двочасовен штрајк во канцеларијата. Ја затворивме главната врата за да не ни влезе некој новинар изненадно како што обично и прават, па да нè сними за некоја телевизија така седнати и оптегнати. А имаше и што да се сними и види. Едни штрајкуваат, други само со шахот штракаат. Служителката едното ѓезве испразни го, другото наполни го. Толку кафиња колку што испивме за два часа, немаме испиено за цели две недели.

– Море требаше со глад да штрајкуваме, вели една колешка која во весииците ги чита само рецептите за диета. Таа и за големиот одмор јаде само ѓеврек. Убедена е дека е најдиетална храна, а особено ако му се јаде само средината, да не речам дупката.

Ако штрајкувавме со глад, си се мислам, тоа немаше да биде никаков штрајк. Ние сме стално гладни или барем полугладни. Арно ни дадоа социјални пакети. Толку кашкавал и салами со уште непоминат рок којзнае од кога дома не сме однесле.

Седиме така во канцеларијата. Едни пушат, други се гушат. Од чадот на едни им се плаче, на други од седење им се смачи. Мене не знам дали притисокот ми падна или ми се качи, штом почна вратот да ме стега. Некој веќе гледам се спрема да бега.

Штрајкувачи ли сме или кљакачи, си велам. И за ваква работа или подобро речено неработа гледам не нè бидува, а не ми изгледа баш лошо да си седиш, ништо да не работиш, а повисока плата да си чекаш. Што би било убаво, си велам, не по два часа туку по цели денови да штрајкуваме. Море, со недели и месеци, се додека не ни се исполнат нашите барања за прием во Европа, или додека не ни го избришат и она БЈРМ во Обединетите нации.

 

Панде Петровски фото 1

Панде Петровски: Ликовен уметник и педагог, карикатурист и хуморист. Роден е 1939 година под Пелистер, во село Брусник, Битолско. Во 1963 година завршува Педагошка академија (ликовна насока) - Скопје, со студиски престој во Италија. Сликарство учеше од: Павле Павловски, Мамер Сулејманов, Иван Мелников, Менде Ивановски, Пепи Пашанко, Тоде Ивановски, Борислав Траиковски и Вангел Коџоман. Член е на ДЛУБ (Друштво на ликовните уметницина Битола), ДЛУМ (Друштво на ликовните уметници на Македонија) и МНД (Македонско научно друштво). Соработува со повеќе весници и списанија, а застапен е и во Антологиите на македонскиот и балканскиот афоризам. Добитник е на наградите: „4 Ноември“ на Општина Битола 1987 година и Специјална награда на 37. Светска галерија на „Остен“ 2009 година.

 

по избор на Александар Литовски

Демант од директорката на ЈОУДГ "Естреја Овадија Мара", Лидија Тфирст Митревска, на  објавата на Општина Битола во врска со проблемот во детската градинка Колибри

Собранието на Здружението на пензионери од Битола под претседателство на Крсте Белевски на својата седница ги усвои извештаите за работа и активностите за 2022 година. Белевски во своето излагање истакна дека поголем број пензионери активно учествуваат во разни спроведени активности за донирање  средства и помош на пензионери со ниски примања, како и во другите манифестации кои ова Здружение успешно ги спроведуваше на ниво на општина и на држава.

 На состанокот пензионерите беа запознати и со мерките што ги презема Здружението на пензионери со обезбедување на  огревни дрва за што наскоро ќе биде организоран состанок со операторите, односно превозниоците за  со нив да бидат склучени договори за навремно добивање на запишаните количини огревни дрва. На состанокот, претседателот  на Собранието Белевски одржа средба со претседателите на месните ограноци за поуспешно да биде организирано запишувањето на огревните дрва. 
 
Беше донесена и одлука за претставници во Собранието во Сојузот на пензионери на Макодонија да бидат предложени претседателката на Извршниот одбор Даница Петличкова и претседателот на Собранието Крсте Белевски. 
  novi sl4 1
novi sl2
novi sl3
novi sl5
 

Во престојните два викенда ќе се одржат турбо културно инјектирање од страна на Центарот за култура во Битоа. Во негова организација за овој викенд, на 24 и 25 февруари планирани се два концерта насловени како „Засекогаш во срцата“, а посеветни на Тоше Проески, за кого ова ќе биде петти јубилеен концерт и на Пепи Бафтировски. Концерите се со почеток од 20 часот. Настапуваат пејачите Бојан Маровиќ од Србија, од македонските музичари Викторија Ловба, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Бојан Стојков, Сефедин Бајрамов, Сара Гигова, Марија Митровска и Марија Цветановска во придружба на Камерниот опркестар од Битола, а диригент ќе биде Владимир Димовски.

Следниот викенд на 3.03.2023 година на програмата на Центарот за култура е музичко-поетска вечер „Наша вечер“ со познатиот српски актер Иван Босиљчиќ, сопруг на пејачката Јелена Томашевиќ, познат по неговите улоги во филмовите работени по делата на Мир-Јам. Пред битолската публика ќе се престави со поезија и песна, а со него доаѓа и неговиот бенд. Концертот е подготвен со сопствени средства на Центарот за култура, а билетите се веќе во продажба.

„Мило ми е што програмата на Центарот за култура не е примамлива само за битолската публика, туку имаме гости и од цела држава. Мојот фокус на културната понуда се однесува на тоа да дадема простор што повеќе на македонските уметници , а особено на битолските , па и поголемиот број изведувачи кои ќе настапат на концертот „Засекогаш во срцата“ се битолачни, а некои и млади имиња за кои македонската музичка сцена допрва ќе слуша, а веќе се и ученици во Средното музичко училиште каде што започнал и Тоше Проески“, рече директорката на Центарот Маја Андоновска-Илијевски.

Таа се осврна и на програмата што годинава е поддржана од Министерството за култура, истакнувајќи дека покрај скратениот буџет ресорното министерство им дало добра основа со која можат да работат на креирање сериозна културна понуда за публиката.

Од Министерство за култура за Фестивал на монорама кој годинава ќе се случува од 12 до 20 мај одобрени им се половина милион денари. Селекцијата е веќе направена и се најавува интересна програма. За 9.Детска работилница 70 000 денари, 48 Државана иложба 50 000 денари, Фузија или преземање на изложба од Центраот во Струга 15 000 денари, Монографски каталог по повод 40 години творештво на Дрган Најденовски и ретроспективна изложба 150 000 денари, Сонувајќи ја природата- изложба на Стефан Малбашиќ 45 000 денари, Иложба на Мочи и фотографот Нашоку 100 000 денари.

За објавување на конкурс на македонски монодрами 55 000 денари.

„Сакам да го обновам она што во минатото се случувало и да ги поттикниме македонските автори да создаваат монодрами како жанр. Со овие пари ќе го распишеме конкурсот, а следната година се надевам дека ќе зборуваме и за печатено издание на најдобрите монодрами кои ќе пристигнат“, рече Андоновска- Илијевски.

Во однос на музичката дејност за концертот „Засекогаш во срцата“ добија буџет од 100 000 денари, Новогодишен концерт со Камерниот оркестар 300 000 денари, концерт Џез вес 100 000 денари, Интимна вечер со Крсте Роџевски 150 000 денари, Концерт на филмска муизика со Дувачки оркестар 150 000 денари, 15 издание на Музика од светот 1 000 000 денари.

Во филколрана дејност Фестивалот Илинденски денови 2,2 милиони денари, издавање на носач на звук на кларинетистот Стојан Трајковски 100 000 денари, Семинарот на традиционална музика и песна 150 000 денари и Симфонија концерт на Благојче Трајковски 200 000 денари.

Вкупно од сите проекти 5 470 000 денари.

Од инвестициските проекти добија средства за изолација на клима комори 205 320 денари и клима уреди во Мала сала 200 000 денари.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани