Анета Блажевска

Анета Блажевска

Во последниов период во Секторот за внатрешни работи Битола забележани се пријави од граѓани, сопственици или вработени лица во златарници на подрачјето на Битола, за сторени измами од лица кои нудат злато за откуп.

-Имено, при проверка на откупеното злато било утврдено дека од надворешната страна е златна легура, но при пресек се утврдувало дека не станува збор за накит или предмет од злато. Во насока на спречување на понатамошни вакви измами и злоупотреби ги предупредуваме граѓаните, посебно златарниците, да бидат исклучително внимателни при откуп и продажба на злато и златен накит, а секое сомнително лице и сомнителен настан да го пријават на телефонските броеви 192 или 112, на најблискиот полициски службеник или во полициска станица, наведуваат од СВР Битола

На последната одржана седница на Наставно- научниот совет на Правниот факултет при Битолскиот универзитет беше комплетирано раководството на оваа високо-образовна установа, односно се избрани тројца продекани од редовите на еминентните професори кои последиве години се истакнаа со својата настава работа и изработка на проекти од општество и научно значење.

За  продекан за настава е избрана доц. д-р Ивона Шушак Лозановска, за продекан за наука и меѓународна соработка, вон. проф. д-р Ангелина Станојоска и за  продекан за развој и институционална соработка, вон. проф. д-р Ице Илијевски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани