
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба во државата и констатира дека состојбата со Ковид-19 е стабилна, нема зголемување на бројот на позитивни случаи, хоспитализирани и починати.
Ставот на Комисијата е дека четирите мерки, кои се актуелни и се уште се на сила, како што се: носење маска во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица и лица со посебни потреби, одговараат на актуелната епидемиолошка состојба и тие ќе продолжат и во иднина.
Во однос на инфекцијата со РСВ-респираторен синцициски вирус, констатирано е дека состојбата е стабилна, нема зголемување на бројот на новозаболени и хоспитализации, а болничките капацитети ги задоволуваат потребите за укажување здравствена грижа за децата со симптоми.
Комисијата и понатаму ја следи состојбата со заразните заболувања во нашата држава и доколку има потреба од нови препораки за тоа навремено ќе информира.
Секцијата на жени и Комисијата за културно-забавен живот при Здружението на пензионери од Битола расправаа за активностите и програмата што треба да се организираат во следната година.


Под мотото „Напиши желба, а ние ќе ти ја остваримe“, битолскиот театар пред новогодишните празници ја започна акцијата „ОСТВАРИ ЖЕЛБА“
-Во ова време на подарување, но за оние кои не ни сонуваат дека желбите ќе им бидат остварени, а верувајте тие желби се толку скромни. Топка, книга, јакна, чизми…Ова е акција за децата од категориите на социјално загрозените семејства, за кои празниците се само уште еден ден за борба со немаштијата која ги следи верно во оваа стара, а и во следната нова година. Сакаме со поддршка на битолските компании и поединци, со нашата верна публика, малку да ги направиме радосни празниците за овие деца. А тоа се деца на семејства кои имаа егзистенцијални проблеми, деца на самохрани родители и ги спојува едно нешто…тешкиот животен пат. Им недостига многу, но овие ситници ќе ги израдуваат, велат од Народниот театар во Битола.
Еве како да се вклучите во акцијата:
Интегрален текст од рекацијата на СДСМ Битола на демантот на Васко Мавровски од ВМРО-ДПМНЕ дека не наплатил речиси половина милион денари од Општина Битола за што го обвини опозицијата
