Анета Блажевска

Анета Блажевска

 

 ФК Пелистер ги известува своите симпатизери, навивачи, љубители на фудбалот и граѓани на Битола дека новата трибина на стадионот „Петар Милошевски“ го помина техничкиот прием и целосно е безбедна и функционална.

Интегрален текст од изјава на Дејан Србиновски, член на комисија за енергетика

Здружението на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен - МОБИЛНОСТ БИТОЛА и Фондацијата за нови технологии, иновации и трансфер на знаење ГАУС Институт – Битола, по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 Декември и одбележувањето на 35 години МОБИЛНОСТ БИТОЛА, имаат чест и задоволство да Ве поканат на промоција на алатки за пристапен туризам, наменети за лицата со попречености. 

На настанот ќе се промовираат:          

  • Туристичка сигналитиказа 10 најзначајни културно-историски споменици во Битола наменета за лица со попречености, кои ќе бидат предадени на Општина Битола за да ги постави на пристапни локации пред соодветните знаменитости; 
  • Апликација за мобилни уреди– туристички водич за Битола за лица со попречености;  
  • Печатен туристички водичза Битола за слепи лица и лица со оштетен вид. 

Со овие алатки Битола повторно ќе биде прв град на Балканот (а и пошироко), овојпат како прв град со туристичка понуда за лицата со попреченост. 

На промоцијата ќе се обратат:

Градоначалникот на Општина Битола - д-р Тони Коњановски, 

- Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, идеен творец и проектант на горенаведените алатки – проф. д-р Игор Неделковски, 

- Претседателот на МОБИЛНОСТ БИТОЛА – прим. д-р Нико Јанков, 

 - м-р Јове Парговски, изработувач на алатките и

- Весна Софронијевска, физиотерапевт и членка на Здружението на слепи лица - Битола, која ќе ја демонстрира употребата на алатките. 

Настанот е дел од проектот „Алтернативно туристичко искуство – Алтернативно патување“, кој МОБИЛНОСТ БИТОЛА го имплементира во рамките на ИПА Интеррег Програмата за прекугранична соработка „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“, и е ко-финансиран од Европската Унија и Националните фондови на земјите учеснички. Целта на проектот е да мотивира трансформација на една територија во инклузивна и пристапна туристичка дестинација, како и да го поддржи одржливиот развој на туризмот за природното и културното наследство во прекуграничниот регион. 

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, го пречека претседателот на СР Германија, Франк Валтер-Штајнмаер, во Ветерниот парк Богданци, електрана од обновливи извори изградена со финансиска поддршка преку поволна кредитна линија на германската државна КФВ банка.

 

 
Денес РЕК Битола по којзнае кој пат работи со само еден блок.
Три блока докажавте дека не можете да ставите во функција.
Ама…,  увозот ќе се зголеми.
Директорот на РЕК Битола наместо да се заканува може барем да се обиде, иако многу тешко му оди до сега, да обезбеди стабилно производство на електрична енергија. 
Основната негова обврска - стабилно производство не електрична енергија за жал сите овие години на владеење на СДС е само мислена именка.
Дегутантно е веќе тоа што го правите, реалноста покажува дека ја навредувате интелигенцијата и на најмалите. По којзнае кој пат ви препорачуваме - Концентрирајте се на работата, а не на политикантството во РЕК Битола и,  обезбедете континуирана работа на барем два блока со максимален капацитет. 
Сега, да се вратиме кај провизиите.
Останува отворено прашањето : 
Дали на повидок е нов огромен одлив на државни пари со задолжителни провизии за енергетските кланови во Државата?
Прашањето го базираме на одредни сознанија но и јавната тајна дека со секој увоз на струја, за одредена привилегирана група блиска до крималната власт следи и задолжителна провизија. (и) Колку увозот е поголем - поголема е и провизијата. Но, само на увезената струја, а не и на домашно произведената. И, што помалку струја произведуваат, логично повеќе увезуваат. 
Крајната сметка како и секогаш, ја плаќаме сите ние, ГРАЃАНИТЕ. 
На крајот, Ве прашуваме уште, каде по пат го изгубивте трансформаторот потребен за функционирање на третиот блок?
Неспособни сте, со трајни последици по Државата и сите нејзини граѓани.     
ОДЕТЕ СИ!!!

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани